Алијансата за Албанците: Директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од Таравари, отпушти 18 Албанци

„Честитки за Арбен Таравари, откако ги намали Албанците во Балансер, сега преминува на акција. „Македонија повторно твоја“. Етничкото чистење на Албанците во институциите кое започна со намалувањето на процентот во Балансер, продолжува со здравствениот сектор на чело со Арбен Таравари“, велат од Алијанса за Албанците. „Денеска за жал беше објавено дека директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од самиот Таравари, …

Continue Reading

ДУИ: „Промената“ ги отстрани Албанците и од раководството на Фондот за здравство

ДУИ изразува длабока загриженост во врска со неодамнешната одлука на Фондот за здравствено осигурување за назначување, по прв пат по многу години, двајцата директори само од македонската заедница. „Овој акт претставува систематски обид за отстранување на Албанците од најчувствителните и витални институции на државата, создавајќи опасен преседан за нивно исклучување од процесите на донесување одлуки на државно ниво. Оваа одлука …

Continue Reading

Средба на претседателот Гаши со шпанскиот амбасадор Гарсија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со шпанскиот амбасадор, Н.Е. Хосе Луис Лозано Гарсија. Притоа, изрази задоволство од посетата и подршката што нашата земја ја добива од Кралството Шпанија во процесот на евроинтеграција. Континуираното формирање Пратеничка група за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија придонесува во развивањето на севкупните односи помеѓу нашите две земји. Исто така, Гаши искажа благодарност …

Continue Reading

Клековски и Аџигогов ги презедоа новите директорски функции во Фондот за здравство

Денеска се изврши примопредавање на должноста директор на ФЗОРСМ. Досегашните директори М-р. Магдалена Филиповска Грашкоска и Д-р. Асаф Абдурамани како в.д директор ја предадоа должноста на новите в.д директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата на РСМ. Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30-годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во …

Continue Reading

Средба Муцунски – Аксинте: интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, тема на разговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте. Како што соопшти МНР, на средбата биле потврдени традиционалните и пријателски односи меѓу двете држави кои и во иднина ќе се унапредуваат и продлабочуваат, со посебен фокус на економската соработка. Воедно, се истакна и динамиката на билатералната соработка, почнувајќи од политичкиот …

Continue Reading

Министерот Мисајловски во посета на припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци: Вие сте инспирација и херои на нашата нација

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска ги посетија припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци во касарната „Илинден“ во Скопје. За време на посетата министерот Мисајловски беше брифиран за историјатот на единицата, мисиите и задачите кои ги остварува, учеството во мировните операциите како и операциите за заштита на источното крило на …

Continue Reading

Претседателката Сиљановска Давкова го прими австралискиот амбасадор Даниел Емери

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Австралија, Даниел Емери. На средбата беше разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои се пријателски и следната година ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази посветеноста од македонска страна за натамошно проширување на соработката на различни полиња и изрази очекување дека …

Continue Reading

Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ: Oсвен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ. Филипче се заблагодари на честитките, како и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата. Новоибраниот претседател, Венко …

Continue Reading

„Изјавите на Амбасадорката Агелер го нарушуваат суверенитетот и претставуваат мешање во внатрешните работи на државата“, велат од партијата Левица

„Третирањето на Македонија како субјект поданички подреден на западниот неоимперијализам предводен од САД, домашните политички вазали го позиционираа како норма на поведение. Неретко слушаме како амбасадорите на некои од земјите членки на ЕУ, а најчесто на т.н. „стратешки партнер“ ја злоупотребуваат својата моќ и влијание и излегувајки надвор од ингеренциите за кои се ополномоштени и акредитирани и грубо се вмешуваат …

Continue Reading