Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“
Во просториите на Јавното претпријатие за државни патишта беше извршено примопредавање на директорската функција. Новиот директор Коце Трајановски ја презеде функцијата од Ејуп Рустеми. Рустеми го запозна Трајановски со состојбите и функционирањето на претпријатието. „Денес ја превземав функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Благодарам за дадената доверба од Претседателот на владата Христијан Мицкоски за да го водам ова …
Continue Reading
Средба на претседателот Гаши со посебниот советник за Западен Балкан: Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со посебниот советник за Западен Балкан, Анжеј Франгеш. Гаши изрази благодарност за заложбите на Словенија да назначи специјален претставник за Западен Балкан, со што ја потврдува својата посветеност на европската перспектива на земјите од Регионот, вклучително и нашата земја. Словенија е искрена, пријателска земја, силен поддржувач на евроинтеграциите. Особено се ценат нејзините заложби …
Continue Reading
Левица: Државата нема средства за младите што ја претставуваат Македонија на меѓународни научни олимпијади
Години наназад, вклучително и оваа, средношколците кои се дел од тимовите што ја претставуваат Македонија на научни олимпијади ширум светот каде што го веат македонското знаме и од каде што донесуваат бројни признанија и медали, мака мачат да најдат средства за воопшто да стигнат на тие натпревари, велат од Левица. „Наместо последните седмици пред натпреварувањата да ги вложат за што …
Continue Reading
Мизрахи: Фактите што ги увидуваме покажуваат дека целта на претходната власт била целосно разорување на државата, затоа примарната цел на новата власт е борба со криминалот и корупцијата
„Ова е 10-ти ден од формирање на Владата каде Владата најави ветерници и подобрување на енергетскиот баланс на државата, 250 милиони кои ќе се дадат на општините, нови градини, измена на законот за здравствена заштита, измена на кадровски решенија апропо законот за здравствена заштита, односно елиминирање на административните кадри кои тежеа на здравствениот систем“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи …
Continue Reading
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот Коце Трајановски кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата
По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ. „Јавното претпријатие за државни патишта со буџет од над 600 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ му го довери на Коце Трајановски. ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, му се даваат 600 милиони евра во …
Continue Reading
Средба на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн. На средбата министерот Николоски упати честитки за преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, со порака дека Владата останува силно фокусирана на европската агенда. Исто така министерот Николоски ги потенцираше реформските процеси, истакнувајќи ги плановите на …
Continue Reading
Муцунски – Димовски: Економскиот раст, новите работни места и инвестиции во фокусот на владините приоритети
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, се сретна со новоименуваниот директор на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски. На средбата стана збор за владините приоритети, со фокус на активностите како што се економскиот раст, креирање нови работни места, поттикнување на трговијата и привлекување нови инвестиции. Притоа, двете страни се обврзаа на цврста …
Continue Reading
Гаши ја поздрави одлуката на Литванија за отворање Дипломатска канцеларија во Скопје
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, ја прими Вилма Дамбраускиена, амбасадорка на Литванија на специјална мисија. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на односите меѓу двете земји, со акцент на поддршката за процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија, како и во делот на економијата и инвестициите. Претседателот Гаши ја поздрави одлуката на …
Continue Reading
(Видео) Забележани подготовки за градежни активности на просторот на поранешна Алумина, велат од Левица Карпош
„Добивме порака од загрижени граѓани, кои документирале активност на механизација и присуство на персонал во оградениот простор кај поранешната фабрика Алумина“, извести Левица Карпош. „Бидејќи урбанистичкиот план за овој простор не е донесен, а ниту има некакво друго официјално известување за активности, се прашуваме дали е на повидок нов шверцерски обид на градежната мафија за окупирање на градежниот простор во …
Continue Reading