Градежните работи на експресниот пат Градско – Прилеп се засилуваат од август, до крај на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново

Од 1 август се засилуваат градежните работи на експресниот пат Градско -Прилеп. Застојот од неработењето од година и половина е надминат и до крај на годината граѓаните ќе можат да возат по нов модерен пат од Градско до Дреново, најави заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Како што истакна Николоски, причината за застојот за изградба …

Continue Reading

Левица: Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците

До Левица пристигнаа информации дека во општината Липково, улица во селото Матејче, од 2021 година го носи името на, како што стои во официјалното соопштение на општината, „маченик на нацијата“, односно, припадник на терористичката УЧК – Иљаша Мемеди. Дополнително, најголем дел од сообраќајните табли во општината со која раководи кадар на ДУИ, се напишани единствено на албански јазик, што е …

Continue Reading

До декември потешките операции место во Клинички ќе се прават во „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски“, Таравари најави нов тендер за компресорска станица

Хируршките сали во Клинички центар ќе функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет до декември. Ова решение како привремено беше најдено откога во мај годинава се појави смрдеа во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Министерот за здравство Арбен Таравари очекува дека дотогаш целосно ќе заврши процедурата за нова компресорска станица по нов оглас, кој ќе го распише …

Continue Reading

Лефков: Ограбена држава – Министерството за економија со СДС и ДУИ користено за Дрин Ахмети да прави милиони

Фирмата Еверест ЏД на Ахмети во период од 2016 до 2023 како концесионер на каменолом платила за 1.617.894 денари помалку за концесиски надоместок, од тоа што требало. Ова нема да било возможно без сега веќе обвинетите неколку лица вработени во Министерството за Економија под капа на Крешник Бектеши, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Важно е …

Continue Reading

Мицкоски: Голема благодарност до луѓето кои се бореа со огнената стихија на планината Серта, следат реформи во секторот за управување со кризи и измени на Законот за пожарникарство

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети планината Серта, во близина на општина Неготино, од каде сподели дека пожарот е целосно изгаснат. „Овде на планината Серта во близина на Општина Неготино можам да кажам дека пожарот веќе неколку дена е целосно изгасен и дека веќе нема никаков ризик од негово повторно распламтување. Се разбира тоа никогаш не може да се знае …

Continue Reading

Дурмиши, Меџити, Ганиу и Сали во посета на занаетчиите во Старата скопска чаршија

Министерот за економија Бесар Дурмиши заедно со првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали денеска ги посетија занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија. Дурмиши ги информираше занаетчиите за мерките за поддршка на занаетчиството во рамки на Министерството за економија и труд. „Чест и задоволство ми е што …

Continue Reading

Mисајловски на средба со словенечкиот амбасадор

Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер и новопоставеното одбранбено аташе полковник Бенсад Шиниковиќ. „Изразувам огромна благодарност до вас и до вашата држава која повторно, несебично и во најбрзо време одговори на нашиот повик за помош за справување со пожарите“, рече министерот Мисајловски. Одбранбена соработка меѓу двете земји во …

Continue Reading

Николоски: Ќе направиме се со Јавното претпријтие за државни патишта за да ги раскинеме сомнителните тендери

Ќе направиме се со Јавното претпријтие за државни патишта за да ги раскинеме сомнителните тендери за одржување на патиштата и оддржувањето да го прават Јавното претпријатие во соработка со Македонија пат, потенцираше заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во утринското гостување во ТВ Сител. Тој изрази сомнеж во работењето на Второстепната комсија за жалби по …

Continue Reading

Вреди го прозва Али Ахмети откако СДСМ ја призна грешката за измените на Кривичниот законик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја призна грешката, дали истото ќе го направи и Али Ахмети од ДУИ, прашуваат од владејачкиот блок на албанските партии Влен/Вреди.  Реакцијата следи откако Филипче вчера призна дека претходната владејачка гарнитура направила грешка со измените на кривичниот законик, со што се намалија и застареа казните за поранешните корумпирани функционери. Од Вреди велат дека скандалите и …

Continue Reading