Срамно, власта има буџет од 6 милијарди евра а не сака да ги покачи платите на работниците, велат од СДСМ
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не сака да им покачи плати на работниците во јавниот сектор, велат од СДСМ. „Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле. За што е тој буџет од 6 милијарди евра ако не за да се поддржат граѓаните …
Continue Reading
Груби крадеше додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски, а обвинители и судии се бираа во Зајас и Струмица, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС и Филипче месец дена се препелкаат во лавиринтот на сопствените лаги за криминалот на Груби. Артан Груби направи милионски криминал во време кога премиер беше од редовите СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Груби крадеше додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски од СДС, а обвинители и судии се бираа во Зајас и Струмица. Груби правеше милионски криминал а СДС …
Continue Reading
Битиќи: Измените на законот за јавни набавки да се повлечат, ги изземаат ингеренциите на Бирото ја јавни набавки
Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска од собраниската говорница повика да не се гласаат измените во законот за јавни набавки, предложени од седум пратеници од владеачкото мнозинство бидејќи се штетни за процесите на јавните набавки во нашата држава. Што се во суштина законските измени. Според предлог законот во редовна постапка, сега, поднесен од 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Бирото за јавни …
Continue Reading
Даути поднесе оставка по интерпелацијата
Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка од функцијата во собраниската комисија. Даути инсистираше да ја образложи оставката, но откако ѝ беше укажано дека тоа не е дозволено со Деловникот, таа одбиваше да ја напушти говорницата, па претседателот на Собранието, Африм Гаши даде пауза. По продолжението на …
Continue Reading
Љутков: Градиме стратегија со која Вардарскиот регион и Градско ќе прераснат во бисер на транзитниот туризам
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и националниот координатор за туризам, Акан Махмут, денеска остварија работна посета на Општина Градско, при што со градоначалникот Киро Нацков разговараа за можностите на оваа стратешки поставена општина во насока на развивање на транзитниот туризам и афирмација на културното наследство. На средбата со градоначалникот беше истакната важноста на транзитниот коридор каде што е …
Continue Reading
Стојчевска до Филков: Ќе се повлечете ли од Судскиот совет, така да почнат реформите
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за правда Игор Филков, кое се однесува на реформите во судството. „Задолжени сте за еден од најклучните столбови во нашето општество, а тоа е правдата. Реформите во судството се суштински за демократијата и владеењето на правото, но за жал, во изминатите 7 месеци …
Continue Reading
Цветков до Филков: Кој лаже за партиските смени во Судскиот совет, Мицкоски или вие
Пратеникот на СДСМ, Борче Цветковски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерот за правда Игор Филков, кое се однесува за различните ставови на премиерот Мицкоски и министерот Филков за партиските смени во Судскиот совет. „Довербата во судството е на најниско ниво, потребни се реформи и обезбедување на независно судство кое ќе работи по слово на …
Continue Reading
МЖСПП: Се унапредува законската легислатива за проширена одговорност на производителот
Денес се одржа завршниот настан од Твининг проектот на ЕУ „Поддршка во имплементацијата на отпадот Законодавство за управување и шема за проширена одговорност на производителот “. На отворањето, во воведните обраќања Андраш Клајн, амбасадор на Унгарија и Мартин Памер, амбасадор на Австрија, Стефен Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија и Кристина Вегнер, резидентен советник на проектот дадоа …
Continue Reading
Спасовски: Гаши го крши Деловникот – не се доставуваат законите навреме до пратениците
Претседателот на Собрание Африм Гаши, наместо да ги почитува деловничките одредби, тој го крши Деловникот, упоро не се доставуваат законите навреме до пратениците, реагираше пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница. – Ние вчера, како пратеници, ги добивме законските решенија во 17 часот. Денес претседателот на Собранието Гаши, ги става повторно на дневен ред. И сега, кога зборуваме …
Continue Reading