„Македонија останува изолирана“: За Филипче раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија е катастрофа за граѓаните

Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата на планот на европската интеграција на државата. Но пред се, ова, како што кажа, е огромна катастрофа за иднината на граѓаните. „За жал, оваа нова пропуштена шанса ќе се одрази на многу семејства и на уште една цела нова генерација. Ова …

Continue Reading

Средба Муцунски – О’Брајан во Њујорк: особено значајно е земјава што поскоро да стане членка на ЕУ, за што имаме безрезервна американска поддршка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк. Дискусиите се фокусираа на продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со посебен акцент на клучните области како што се регионалната безбедност, …

Continue Reading

Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност. Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, од сметката на Генералниот секретаријат исплатени се средства по дел од Владини програми, за кои целокупната документација, извршените проверки на податоците како и извршените контроли се надлежност на други државни органи и истите се …

Continue Reading

Потврдена е недвосмислената поддршка за Украина – Муцунски се сретна со украинскиот колега

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите Нации (ОН) во Њујорк. На средбата беше реафирмирана македонската поддршката кон Украина, посочувајќи дека Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина на патот кон зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Министерот …

Continue Reading

„Вреди“: Сведоштвото на Ангелов го демаскира лажниот патриотизам на ДУИ И СДСМ

Како бомба одекна вчерашното сведоштво на Стојанче Ангелов кој директно посочи дека Али Ахмети лично и персонално изразил подготвеност да прифати усвојување само на Законот за бранители, додека бил во владина коалиција со СДСМ, истакнуваат од коалицијата. „Јасно е дека Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) и делегитимираниот СДСМ, кои очајнички се обидуваат да ја спасат својата кожа од кривична одговорност, …

Continue Reading

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи не даде никаков резултат, цените не се намалија, оценуваат од СДСМ. Според оваа партија, само еден вид на леб е со намалеена за само 1 денар, кај одредени врсти на месо има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е, како што оценуваат, незначително, а млечните производи, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ со своето расипничко однесување, само по основ на арбитражни побарувања, буџетот на државата го ставила под опасност тешка 1,3 милијарди евра

Владата на СДС и ДУИ наместо да се грижи за граѓаните и државата, само крадела од народните пари. Приоритет на владата на СДС и ДУИ бил само партискиот интерес. Владата на СДС и ДУИ оставила огромна трага врз Буџетот. Владата на СДС и ДУИ ја ставиле државата и Буџетот под постојана закана од опасност тешка 1,3 милијарди евра. За што …

Continue Reading

Мисајловски во Пентагон: изразено задоволство за подготвеноста за справување со предизвиците како членка во НАТО Алијансата

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски кој ја предводи македонската делегација за време на работната посета на Соединетите Американски Држави, придружуван од началникот на Генералштабот, генерал мајор Сашко Лафчиски, во Пентагон оствари средба со Аманда Дори, потсекретар за одбранбена политика. Потсекретарот за одбранбена политика, Аманда Дори ги истакна цврстите билатерални односи меѓу двете земји, искажувајќи ја подготвеноста за продлабочување на меѓусебната …

Continue Reading

Тирана може да го претекне Скопје на патот кон ЕУ, Албанија ги започнува преговорите за членство во ЕУ , анализираат бугарските медиуми

Она што вчера го одлучија амбасадорите на Европската Унија е ЕУ и Албанија да почнат да ги отвораат преговарачките поглавја или таканаречените кластери. Тоа ќе се случи на втората меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ на 15 октомври во Луксембург, кога ќе биде отворен првиот кластер од преговорите „Фундаментални прашања“, пренесува бугарскиот „БНТ“. Медиумот потсетува дека првите меѓувладини конференции со …

Continue Reading