„Вреди“: Загубата на детски живот нѐ погодува сите и случајот не смее политички да се злоупотребува, за ДУИ нема дно кое можaт да го пробијат
Коалицијата „Вреди“ сочувствува со болката на семејството за нивната огромна загуба. Загубата на детски живот нѐ погодува сите и овој случај не смее да биде цел на политички злоупотреби, соопштуваат од оваа коалиција. Но ДУИ, како и секогаш, како што велат, покажува дека нема дно кое може да го пробие кога станува збор за лични политички интереси. „Прават равенство меѓу …
Continue Reading
Јамалов: СДСМ нема кредибилитет да зборува за економски политики
СДСМ нема кредибилитет да зборува за економски политики, изјави пратеникот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов, по прес-конференцијата на пратеничката Јованка Тренчевска која ја повика ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за укинување на ДДВ на храната. Јамалов вели дека парадоксално е да држат прес личности кои што во претходниот мандат имале интегрална улога во распадот на економскиот систем и …
Continue Reading
Лимани- Оздемир Ѓокташ: Македонија и Турција се пријателски земји, поддршката и размената на искуства се од огромно значење
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на дводневната посета на Турција, заради учество на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата, оствари билатерална средба со Министерката за семејство и социјални политики на Република Турција, Махинур Оздемир Ѓокташ. Средбата на министрите беше можност за разговор на одредени прашања кои се во надлежност на двете министерства, со …
Continue Reading
Николоски: Во Штип се гради како никогаш до сега, преку 12, 5 милиони евра инвестираме оваа година во инфраструктурата
Преку 12, 5 милион евра инвестираме само оваа година во Штип и овој обем на инвестиции во инфраструктурата во градот никогаш претходно не се случил, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета на општина Штип. Николоски и градоначалникот Јорданов денеска извршија увид во реконструкција на локалните улици Христијан Тодоровски Карпош и АСНОМ, …
Continue Reading
(Видео) Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените и повеќе пари за граѓаните
Се потврди тоа што го говоревме и што граѓаните го гледаат секој ден – нема намалување на цените во маркетите, владината мерка не даде резултат. Податоците коишто ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври се намалиле за само 0,1%, истакна Јованка Тренчевска, пратеника на СДСМ. Ова според неа значи дека намалување на цени …
Continue Reading
(Видео) Со академија за јавна администрација, Минчев ќе ги доквалификува неквалитетните административци
Владата бара законски решенија за обука на некомпетентните административци. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев објави дека се залага за варијантата некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани, но, како што рече, можните решенија за овој проблем во моментот се предмет на дебата. „Јас сум повеќе за варијантата некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани. Постојат и други решенија, но можеби е …
Continue Reading
Додека Таравари шета низ светот, болниците се претворија во пекол за пациeнтите: ДУИ бара одговорност за смртта на бебињата
Демократската унија за интеграција бара одговорност од министерот за здравство и директорот на детската клиника за секојдневните смртни случаи на бебиња во болниците со кои раководат Изет Меџити и Арбен Таравари. “Болниците се претворија во пекол за пациентите каде секојдневно умираат бебиња, додека Таравари шета низ светот и не чувствува никаква одговорност. ВЛЕН, Изет Меџити и Арбен Таравари реагираат само …
Continue Reading
(Видео) Мазут со многу нечистотии доставуван во ТЕЦ Неготино, а раководството на АД ЕСМ од СДС и ДУИ му правеле и анекси на добавувачот, вели Петрушевски
„ДЗР во ревизија на работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 утврдил низа нерегуларности. Раководството на претпријатието од СДС не ги спроведувало јавните набавки согласно закон“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „ДЗР констатира дека при набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ раководството толерирало низа пропусти на доставувачот, кој ги немал секогаш задолжителните …
Continue Reading
Средба на министерот Муцунски со Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово го прими Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти. Како што соопштуваат од Министерството, за време на разговорот беше изразено задоволство од успешниот развој на билатералните односи кои се одраз на меѓусебно разбирање и искрена почит. Министерот Муцунски изрази благодарност за …
Continue Reading