(Фото) СДСМ: Народот гладува, а функционерите се гоштеваат со ракчиња и бифтек


losos-stek.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Опозициската СДСМ жестоко ја нападна владата на Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја за расипничко трошење на народните пари на луксузни гозби, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Според партијата, функционерите уживаат во ексклузивни деликатеси, додека работниците се борат со мизерни плати.


 

„Оваа власт не е влада за граѓаните – ова е власт што живее на грбот на народот. Илјадници семејства не можат да си дозволат ни основни намирници, а владините функционери се гоштеваат со лососи, ракчиња, октоподи, краби и бифтек. Ова е врв на лицемерието и безобразието“, велат од СДСМ.

Од опозицијата потсетуваат дека владата тврдела дека нема пари за покачување на платите, но, како што велат, очигледно има за раскошни банкети. „Истите тие што пред неколку месеци велеа дека ‘грозје не пробале’, сега уживаат во храна достапна само за најбогатите. Народот е гладен – не само за храна, туку и за правда!“ додаваат од партијата.

СДСМ ја повика јавноста да не дозволи, како што велат, власта да продолжи да се богати на нивен грб и најавија дека ќе продолжат со притисоци за одговорност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK