Да се критикува сега, тоа е лудница, вели Таравари за ставот на Европскиот фронт дека без иселените ќе се намали бројот на советници во општините

Министерот за здравство Арбен Таравари е зачуден што опозициската коалиција Европски фронт сега реагира на пописот и правилото населението да се подели на резидентно и нерезидентно оти токму Владата, во чиј состав беа тие, ги направи измените. Ставот на министерот Таравари доаѓа по забелешките од Европскиот фронт дека доколку не се брои нерезидентно население, ќе се намали бројот на советниците …

Continue Reading

(Видео) „Има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра на Клиниката за детски болести за 2022 година“, вели Петрушевски

„СДС и ДУИ на здравството гледале како на поле за испумпување на пари. Од Извештајот на ДЗР за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година, има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Имено според Извештајот на ДЗР на 01.01.2022 година, вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е …

Continue Reading

Скопје најзагаден град а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух, велат од СДСМ

„Скопје утрово е повторно меѓу најзагадените градови во Европа а ниту градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ниту владата на Мицкоски не преземаат нешто за загадениот воздух“, соопшти СДСМ. „ВМРО-ДПМНЕ е централна власт и локална власт во Скопје, има градоначалници и мнозинство во советите во Скопје, во Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и никој ништо не презема. Ветуваа многу, а …

Continue Reading

Министерот за здравство шета во Дубаи, додека децата умираат по болници, велат од ДУИ

„Во изминатите месеци, здравствениот систем во Северна Македонија доживеа трагични настани кои длабоко ја потресоа јавноста. Необјаснивите загуби на животи на деца во Педијатриската клиника се јасен аларм за сериозната состојба во која се наоѓа нашето здравство“, велат од ДУИ. „Дополнително, загрижувачки е да се забележи намерната тенденција за маргинализација и замена на албанскиот медицински персонал со македонски кадар, како …

Continue Reading

Божиновска во Баку: Шанса за Македонија да обезбеди нови зелени инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, учествува на COP29 – 29. Конференција на Обединетите нации за климатски промени во Баку, Азербејџан. Во делегацијата е и првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. COP29 е глобален настан кој обединува …

Continue Reading

Укинување на ДДВ за храната вистински ќе ги намали цените, кошничките на Владата немаат ефект, велат од СДСМ

„Предлог законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на храната вистински и реално ќе ги намали цените на над 250 категории на производи а граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари. Мерката на Владата со така наречените кошнички односно замрзнување на маржите се покажа дека нема никаков ефект и цените не се намалија“, велат од СДСМ. „Освен реалната ситуација …

Continue Reading

СДС и ДУИ цел мандат ветуваа „Европско здравство„ а ги ставија пациентите во агонија да чекаат термини за магнетна резонанца со месеци иако за тоа немало потреба, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Крахот на македонското здравство под раководство на СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување на термини, егзодус на лекарите и не постоење на систем на квалитетни здравствени услуги“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС системски го уништувала македонското здравство во изминатите 7 години според извештајот на ДЗР каде утврдиле недоволна искористеност …

Continue Reading

(Видео) Таравари: Оптимист сум за уставните измени, нема потреба за предвремени парламентарни избори

Алијансата на Албанците на Арбен Таравари денеска во Тетово одржува вонреден конгрес под мотото „Промената продолжува“. Партискиот лидер Таравари вели дека конгресoт следува поради потребата од консолидирање на партиските ограноци. „Алијанса за Албанците по изборите на 8 мај имаше случувањата внатре во партијата. Имавме приклучување на многу нови луѓе. Сега ни требаше консолидација на сите ограноци и подограноци. И денес, …

Continue Reading

Силјановска Давкова, Меџити и Божиновска на Конференцијата на ОН за климатски промени во Азербејџан

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска отпатува во официјална работна посета на главниот град на Азербејџан, Баку, каде што утре почнува 29. Конференција на Обединетите нации за климатски промени, позната како Конференција страните – COP29. Меџити, кој заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е дел …

Continue Reading