Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

„За нас како партија, но и како држава цврсто вкотвена во евроатлантското семејство, стратешкото партнерство со САД е од непроценлива вредност и ние ќе продолжиме да соработуваме со претставниците на новата американска администрација за подобрување на животниот стандард и квалитетот на демократското живеење на македонските граѓани“, порача претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова на денешната прес конференција во седиштето на …

Continue Reading

(Фото) Министерот Мисајловски положи свежо цвеќе на британските воени гробишта

Министерот Владо Мисајловски денеска положи венец со свежо цвеќе на британските воени гробишта во Скопје, во спомен и сеќавање на сите жртви од сите војни, соопштија од министерството за одбрана. „Одбележувањето на Денот на сеќавање нека ни послужи како лекција која мораме да ја научиме. Да не ја повторуваме историјата која е исполнета со големи страдања и многу изгубени животи!“, …

Continue Reading

Јаневска: Буџетот за научно-истражувачка дејност за следната година ќе биде речиси двојно поголем од годинешниот

„Денес се одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. Им го честитам на сите научници и истражувачи, кои се трудат преку свои лични достигнувања и успеси да помогнат во развојот на државата“, напиша на Фејсбук министерката за образование и наука, Весна Јаневска. „Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува. За нас е сосема јасно …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: Власта најавува нова кошничка што ќе ги намали цените за 0.1%, ова е крајно навредувачки и потценувачки за граѓаните

Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај, кажа на прес-конференција Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ. „Мерката на Владата со замрзнување на маржите или така наречената есенска кошничка не даде никаков ефект и цените не се намалија. Државниот завод за статистика го потврди тоа, цените на мало во месец октомври се намалиле …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: ДЗР утврдила недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца во време на СДС и ДУИ

Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал, кажа на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Според Извештајот на ДЗР и покрај удвојување на бројот на апарати за магнетна резонанца во период од 2017 до 2022 година, бројот на прегледи не е зголемен, и истите се неискористени. Според ДЗР еден апарат кој е …

Continue Reading

„Зимата ќе биде предизвикувачка“ – Мицкоски нема информации за можно поскапување на струјата

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека до овој момент нема информација за евентуално поскапување на струјата. Состојбата ја оцени како стабилна и конслидирана, а Владата, и покрај сите предизвици, навреме преземала мерки за да нема ценовен шок и да има електрична енергија. „До овој момент немам информација дека ќе има зголемување на цената на електричната енргија. Зимата ќе биде предизвикувачка, имајќи …

Continue Reading

Меџити по речиси тригодишен застој го пушти во функција хидросистемот Ѓавато

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република Македонија Миле Цеков го пуштија во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, неодамна Владата ја …

Continue Reading

Мицкоски: Ја разбирам Кос, требаше да го помине „хирингот“ на кој гласаат и европратеници од нашиот источен сосед

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се осврна на изјавата на еврокомесарката Марта Кос, која побара Македонија да ги спроведе уставните измени, како услов за напредок на патот на земјата кон полноправно членство во Европската унија. „Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине „хирингот“ на кој требаше да гласаат и европратеници од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на …

Continue Reading

Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес, за следната година најавуваме нови проекти за градот

Велес инфраструктурно го подобривме, реконструиравме неколку улици низ градот, влезовите целосно ги реконструиравме а за следната година планираме нови проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета во Велес. Министерот заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, градоначалникот Марко Колев и пратениците, извршија увид во …

Continue Reading