Мицкоски во ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот

Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот, напиша премиерот, Христијан Мицкоски, на Фејсбук. Тој учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. „Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на Обединетите нации. Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот

Мерките коишто ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време на енергетската криза даваат резултати, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Македонија останува со најниски цени на горивата од земјите во регионот. „За да и биде појасно на јавноста, ќе ги споредиме малопродажните цени на бензинот и дизелот кај нас и во нашето соседство. Во Македонија литар бензин 95 се продава …

Continue Reading

Левица: Град Скопје упорно крие за тоа со што, дали навремено и колку ефикасно прскал против комарци

Во сезона кога западнонилската треска урива негативни рекорди, Град Скопје упорно крие за тоа со што, дали навремено и колку ефикасно прскал, обвинија од Левица. Од партијата велат дека поднеле жалба поради молкот на градот. „Македонија годинава не се соочува со вообичаена сезона на комарци. Европскиот центар за превенција и контрола на болести состојбата во главниот град ја квалификува буквално …

Continue Reading

ВЛЕН: Со тврдењето дека Груби е невин, Ахмети всушност одработува тој да биде осуден

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да го спаси Артан Груби, толку повеќе изгледа дека го пушта низ вода. И минатиот пат кога тврдеше дека нема да има обвинение и дека Груби ќе излезе на слобода, се случи спротивното. На Груби му беше продолжен притворот и започна постапката против него, велат од ВЛЕН. „Што сака да спречи Ахмети? Дали се …

Continue Reading

Мицкоски во Њујорк: Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, во минатото направивме премногу отстапки

Премиерот, Христијан Мицкоски, вчера се обрати пред престижниот самит „Конкордија“ во Њујорк, кој се одржува паралелно со Генералното собрание на Обединетите нации. На панел-дискусија со грузиската заменик-премиерка Мака Ботчоришвили, премиерот Мицкоски се осврна на пречките во евроинтегративниот процес и обидите на земјите членки на ЕУ да го искористат за менување на македонскиот идентитет. Според премиерот, се слушаат и позитивни пораки …

Continue Reading

Мицкоски од Њујорк: Нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој деновиве е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. На средбата присуствува и Брендан Харнахан, помошник Државен секретар за Европа и Даниел Лотон, заменик Помошник државен секретар за Европа. Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување …

Continue Reading

Тоа беше мој личен став, вели Гаши за реакцијата за пресудата за водачите на ОВК

Претседателот на Собранието Африм Гаши пред медиумите ја објасни реакцијата за пресудата на Хашкиот суд за четворицата водачи на ОВК- Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими. Собранискиот спикер кажа дека тој својот став го изнел на својот личен фејсбук-профил и во него никаде не се повикал на Собранието. Според Гаши, иако е прв човек на парламентот, тој …

Continue Reading

Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките, народот плаќа, велат од СДСМ

Дизелот поскапе на 104,5 денари за литар, велат од СДСМ, тоа како што оценуваат е нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија. Од партијата додаваат дека навреме имаат предложено конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. „Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра. Арамијата Мицкоски ги одби. …

Continue Reading

СДСМ Прилеп: Наместо зголемување, ВМРО-ДПМНЕ ги намали субвенциите за тутун

Систематското уништување на македонското земјоделство од страна на ВМРО-ДПМНЕ непрекинато тече 27 месеци, од првиот ден на нивното доаѓање на власт. Една од првите лаги на владата на ДПМНЕ која ги засегна земјоделците не само од Пелагонискиот регион туку од цела Македонија, беше изборното ветување за зголемување на субвенциите за тутун на 160 денари. Наместо зголемување, тутунопроизводителите беа непријатно изненадени со …

Continue Reading