„Денес пред нас е уште еден тест на политичкиот плурализам“: Уставниот суд повторно одлучува по иницијативите на Левица
„Денес во 9:30 часот Уставниот суд повторно ќе расправа и ќе одлучува по иницијативите на Левица за уставноста на одредбите од Изборниот законик со кои партијата беше исклучена од платеното политичко рекламирање. На јулската седница Судот не обезбеди мнозинство за одлука и предметот остана отворен. Оттогаш поминаа повеќе од два месеци – доволно време спорниот случај повторно да се разгледа, …
Continue Reading
Политички препукувања околу тендер – СДСМ обвинува, Божиновска бара извинување
-
Новинар
-
September 22, 2026
-
Македонија, Опозиција, Политика
-
0 Comments
Набавката на електрични броила вредна околу 13,2 милиони евра стана тема на политички препукувања, откако опозицискиот СДСМ изнесе обвинувања за можни деловни и политички поврзувања околу компанијата избрана во постапката, а министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ги отфрли наводите и најави правни чекори доколку партијата не ги повлече. Според јавно објавените податоци, компанијата „METER&CONTROL“ од Србија …
Continue Reading
СДС и Филипче да се извинат за седумте изгубени години во земјоделието, за неисплатените субвенции, уништувањето и кражбата на земјоделците, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС нуди предлози со кои дополнително би се осакатиле македонските земјоделци. Наместо измислени предлози и политички лекции, СДС и Венко Филипче прво треба да застанат пред земјоделците и да им се извинат за она што го направија во седумте години власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат да се извинат што седум години, како што велат, го уназадуваа македонското земјоделство. …
Continue Reading
Филипче: Мицкоски директно го загрозува националниот идентитет со изолацијата на Македонија
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека Христијан Мицкоски директно го загрозува националниот идентитет со изолационистичката политика на Владата, укажувајќи дека таквата политика ги загрозува и највисоките национални интереси на државата. „Христијан Мицковски вели ги штител националните интереси и идентитетот. Така му е изјавата. Ќе ја цитирам претседателката Сиљановска Давкова: „Преспанскиот договор го потврдува македонскиот идентитет“. Е што штити Христијан …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо
Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо, уште помалку да зборува за права на секој еден граѓанин, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „На Венко Филипче, како главен во талогот на СДС, откако направи низа на криминали му текна да се грижи за работниците и минимална …
Continue Reading
Земјоделецот го фрлија на пазарот, а откупувачите ги ставија под државен чадор, велат од Левица
ДПМНЕ може уште сто пати хистерично да го прогласува македонското земјоделство за препородено и успешна приказна, но покрај фактите на терен, секојдвневните сведоштва и бројките од државната статистика се брутални, велат од Левица. Како што наведуваат, во првиот квартал од 2026 година вредноста на откупот од индивидуалните земјоделски производители се урнала за над 46,2%, а во вториот квартал е уште …
Continue Reading
Една недела Мицкоски е на екскурзија во САД, а нема ниту една конкретна средба или резултат, обвини Филипче
Повеќе од една недела Христијан Мицкоски и владината делегација престојуваат во САД, а јавноста не виде ниту една конкретна средба, договор или резултат за Македонија, изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Веројатно ова е владината делегација со најдолг престој, а со најмалку сработено. Другите делегации сега пристигнуваат во Њујорк, а тие се таму веќе една недела и не видовме …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Која Божиновска бара извинување, Бугарката или Македонката?
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање во врска со министерката за енергетика Сања Божиновска, рече дека СДСМ се што има кажано е поткрепено со факти и затоа нема простор за извинување. Во одговорот, Филипче посочи и на податоците од документацијата поврзана со нејзиниот ангажман во компании во Бугарија и Хрватска. „Факт е дека таа работела во …
Continue Reading
(Видео) СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците
По средбите со стотици земјоделци низ државата и врз основа на нивните реални потреби, СДСМ поднесе Предлог-закон за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци, соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Бевме на терен кај лозарите, сточарите, млекопроизводителите, оризопроизводителите и производителите на пиперка. Ги слушнавме нивните проблеми и врз основа на тоа што навистина им е потребно го подготвивме овој Предлог-закон. …
Continue Reading