„Најголемото економско чудо е што македонскиот работник воопшто успева да го преживее месецот“, велат од Левица
„Мицкоски навистина е во право кога зборува за Македонија како економско чудо. Најголемото економско чудо е што македонскиот работник воопшто успева да го преживее месецот. Минималната синдикална кошничка во септември стигна до 69.432 денари, а со кирија до 84.807 денари. Минималната плата пак, ‘благодарение’ на ДПМНЕ, остана најмизерна во регионот и изнесува 26.046 денари, а последната објавена просечна нето-плата 48.381 …
Continue Reading
СДСМ: Максим Димитриевски призна дека ЗНАМ се сателити на ВМРО, сите со сериски број
Можело да се јави и ЗНАМ 3.0 вели Максим Димитриевски. Ова е признание на Максо дека ЗНАМ се сателити на ВМРО, сите со сериски број, реагира СДСМ како дел од серијата препукувања меѓу двете партии. „ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски, да ја урива СДСМ одвнатре. Ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите. Влегоа во власта, …
Continue Reading
ЛДП бара од Владата транспарентно да објави сѐ за мисијата на Фетаи во Брисел
„Неработникот и недоаѓач на работа екс-вицепремиер наместо казна и вратени пари за незаработената плата доби унапредување и измислена функција во Брисел како “специјален претставник на Владата” при ЕУ. И така (о)стана дел “елитата” платена со народни пари. Тоа е сѐ што јавноста дозна. Додека цените растат побрзо од платите и додека над 70.000 денари се потребни за основни трошоци за …
Continue Reading
Максим Димитриевски до СДСМ: Внимавајте да не ви се јави и ЗНАМ 3.0!
„Довербата кај граѓаните се гради со работа и резултати, а се потврдува со отчетност и преземање одговорност. Токму на тие принципи, Движењето ЗНАМ го темели своето дејствување“, порача претседателот Максим Димитриевски на настанот посветен на отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ во Скопје. Димитриевски истакна дека ЗНАМ не е реприза на политичките модели што граѓаните веќе …
Continue Reading
СДСМ бара 600 евра минимална плата по новата пресметка на синдикалната кошничка од речиси 70.000 денари
Власта има за авион и ди-џеј, но нема за работникот, реагира СДСМ на најновите податоци на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), според кои синдикалната минимална кошничка во септември достигнала 69.432 денари, односно 84.807 денари за семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри. Од партијата велат дека растот на трошоците покажува оти просечната плата не е доволна …
Continue Reading
Левица: Оризарите произведуваат за 25, а откупот е 18 денари
За секој килограм оризова арпа што ќе го продаде, македонскиот земјоделец денес губи пари! Производна цена е 25 денари за килограм, додека откупот се движи по 18 до 20 денари. Тоа значи дека човекот што ја обработува земјата, плаќа нафта, семе, ѓубриво, препарати, вода, механизација и работна рака, на крајот треба уште и да доплати за ‘привилегијата’ што произведувал, велат …
Continue Reading
Мицкоски разговарал со Рубио: Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес
Премиерот Христијан Мицкоски извести дека во Њујорк имал разговор со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио. „Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави. Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на …
Continue Reading
(Видео) Лефков поднесува кривична пријава против Јон Фрчковски: „Никогаш не сум користел наркотици и тоа е факт“
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, најави дека по електронски пат и преку архива ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОГ) против Јон Фрчковски од СДСМ и други непознати лица. Ова е продолжение на јавната преписка меѓу Јон Фрчковски од СДСМ и пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, која почна …
Continue Reading
Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра
Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра затоа што работниците и семејствата повеќе не можат да ги покријат основните животни трошоци, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Струга. „Апелирам власта да го поддржи предлогот на СДСМ во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра. Тоа е најмалку што може да направи за …
Continue Reading