СДСМ: Со поскапување на парното, власта уште посилно удира по џебот на народот

Според СДСМ, власта бездушно удира по џебот на граѓаните со поскапување на парното. Премиерот Христијан Мицкоски, како што оценуваат, не презеде ништо и не ги заштити граѓаните од серијата поскапувања на цените на производите. „Со дебаклот на „кошничките“ профитираа големите трговци кои испумпаа над 10 милиони евра од џебовите на граѓаните затоа што владата на Мицкоски тоа им го озоможи. …

Continue Reading

И по 12 месеци да се направи контрола, ќе следат драконски казни за непочитување на законот за нефер трговски практики, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира не само маркетите туку сите компании да го почитуваат Законот за нефер трговски практики и да не ја злоупотребуваат недоволната екипираност на некои институции кои не можат да направат контрола во одреден момент. Кога ќе им биде направена контролата, доколку се утврди непочитување на законите, Димитриеска-Кочоска вели дека ќе следат драконски казни. „Можеби во …

Continue Reading

Мицкоски: Новиот Институт за извоз е добра можност Стопанските комори од регионот заедно да дискутираат за регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари

Премиерот Христијан Мицкоски се оврати на одбележувањето на почетокот на работењето на Институтот за извоз. „Ценам дека како Влада секогаш сме биле, во овие месеци откако сме влада, а и претходно како опозиција, партнер на бизнисот. Така и ќе продолжиме да бидеме и во иднина, мислам дека бизнисот и Владата треба да се партнери и партнерски да соработуваат и да …

Continue Reading

Мицкоски: Ориентирани сме кон поддршка на директните вложувања на странските и македонските компании

Како Влада сме целосно ориентирани кон поддршка на директните вложувања на странски компании, но и директна поддршка на македонските компании, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата за странските директни инвестиции оваа година. „Од бројките којшто јас ги имам на располагање, заклучно со ноември месец, имаме во 2024 година повеќе од една милијарда, мислам околу милијарда и четириесет …

Continue Reading

МОН може да посредува, но нема ингеренции, вели Јаневска за барањето на студентите да им се покријат дополнителните трошоци

Министерството за образование и наука (МОН) е тука за да посредува, но нема ингеренции, вели министерката Весна Јаневска во врска со барањето на студентите од УКИМ средба со неа, поради дополнителните трошоци. Јаневска рече дека МОН со студентската организација има континуирана соработка и постојани средби, а ако тоа не е таа, тогаш се секторите и службите од Министерството. „Веќе сме …

Continue Reading

Јаневска: Концепцијата може да претрпи промена, задоволна сум што предизвика бурни дискусии и предлози

Можеби звучи контрадикторно, но јас сум многу задоволна што новата концепција предизвика такви бурни дискусии, разговори, предлози. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, прашана од новинарите дали следниот предвиден чекор за концепцијата за гимназиско образование е пролонгирање, особено по реакциите од иститути и катедри од Филозофскиот факултет. „Секако дека може да се продолжи. Ние мошне сериозно …

Continue Reading

Попов: Заедно со УМС ќе се придружиме на протестниот собир пред „Силбо“, да изразиме сочуство за Фросина и револт против системот што убива

„Без разлика на политичката определеност, граѓанска должност на секој поединец е да го крене гласот против нефункционалниот систем“, напиша на социјалните мрежи Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. „Убиството на младата Фросина е доказ дека главната борба треба да биде насочена кон тоа да добиеме судии и обвинители што ќе си ја вршат својата работа и нема да дозволуваат …

Continue Reading

Власта незаконски избра членови на ААВМУ – Верзиволи и Селмани не исполнуваат услови, велат од партијата Левица

„Нетранспарентно, политички наместено и со избор на кандидати кои не ги исполнуваат законските услови – на ваков начин коалицијата ДПМНЕ – ЗНАМ ги именуваше новите членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, велат од партијата Левица. „Противзаконско е именувањето за членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Афрона Верзиволи и Нафије Селмани, …

Continue Reading

Муцунски на Европската конференција на Универзитетот Харвард

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе учествува на 11-та Европска конференција на Универзитетот Харвард, со наслов „Лидер или сонувач? Улогата на Европа во фрагментираниот светски поредок“, што се одржува денес и утре во Бостон, САД. Во рамки на учеството, тој ќе се обрати на панел-дискусијата „Улогата на Европа во глобалната дипломатија – поврзување на Балканот и …

Continue Reading