(Видео) Филипче: Соработка со хрватската СДП во градењето на новата Програма на СДСМ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, во Загреб, Република Хрватска остварија работни средби со раководството на Социјалдемократската партија на Хрватска, со претседателот Синиша Хајдаш Дончиќ, со потпретседателот Ранко Остојиќ и со меѓународниот секретар, г-ѓа Каролина Леаковиќ. По средбата Филипче посочи дека се разменети искуства во делот на партиските активности, акцентот е ставен на поддршката …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот и криминалните шеми на Филипче и СДС на Онкологија се запрени, нема повеќе лекови на реверс и профити врз грбот на граѓаните

Филипче и СДС направија хаос на Онкологија, ги оставија пациентите без терапија, без лекови, во агонија и недостаток на медицински кадар, профитирале на здравјето на македонските граѓани, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче треба да знае дека нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС. Филипче …

Continue Reading

Силно ги поддржуваме граѓаните во денешниот бојкот, Дурмиши ќе се сретне со граѓаните, велат од „Вреди“

Како коалиција која потекнува од народот, нема да ги оставиме граѓаните сами во овој бојкот од мака. „Вреди“ ја разбира потребата на граѓаните да го извршат овој бојкот, велат од коалицијата. „Дека преку ова се алармираат профитерите на сметка на народот дека не можат да постават цени надвор од секоја економска логика. Ја разбираме нашата тежина и одговорност како коалиција, …

Continue Reading

СДСМ бара максимална казна за сторителот кој ја усмрти Фросина: Бараме правда и поголема безбедност на улиците

СДСМ изразува длабоко жалење и сочуство кон семејството на трагично загинатата Фросина. „Овој шокантен настан уште еднаш ја покажува сериозноста на проблемот со безбедноста на улиците и потребата за итно и решително дејствување од страна на институциите. СДСМ бара максимална казна за сторителот во брза и транспарентна постапка. Го поддржуваме револтот на граѓаните и нивните барања за правда и поголема …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ повикува на најстрога казна за возачот кој усмрти 22 годишна девојка на Партизанска, ЈО и судот да работат според закон

ВМРО-ДПМНЕ изразува најдлабока жалост за трагичната сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди, поради која животот го загуби младата Фросина Кулакова. Воедно, владејачката партија бара најостра санкција за возачот од страна на Јавното обвинителство и судот. „Наместо декларативни казни, потребни се суштински мерки кои ќе делуваат превентивно за секој што ќе се осмели да управува моторно возило без возачка дозвола, во …

Continue Reading

Мојсоска: Побогу, колку чини животот во оваа скапано брутално партизирана вукојебина?!

Обвинителите кои ги отфрлиле кривичните пријави против разгаленото детиште што усмрти млада девојка да се обзнанат со име и презиме. Да се објави нивниот кариерен напредок и во чии партиски кругови гравитираат. Судиите кои одбивале мерка притвор и го пуштале во поправен дом убиецот да се објават со име и презиме. Уште утре јавниот обвинител Љупчо Коцевски треба на прес-конференција …

Continue Reading

Мицкоски: Зградите на ФИНКИ и ФФК ќе ги изградиме, но дали ќе имаме за 18 години студенти да ги наполниме

Денес на седницата на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот, Христијан Мицкоски, се осврна на изградбата на објектите на Факултетот за физичка култура и ФИНКИ, но и за состојбите во образованието од аспект на намалените демографски параметри. „Образованието за нас е приоритет затоа што не може да имате силна држава без силно образование, рече премиерот и продолжи: Во високото образование …

Continue Reading

ГРОМ се изненадени од поддршката на Мицкоски за бојкотот: „Што ако маркетите една недела ги бојкотираат грѓаните?“

Граѓанската опција за Македонија ГРОМ вели дека е изненадена од леснотијата со која премиерот Мицкоски се нафрлал врз маркетите притоа не бирајќи зборови ниту пак закани кои не приличат на претседател на Влада на една држава. „Малку се овие работи па уште иницира и поддржува бојкотирање на трговците на мало, не водејќи сметка каква штета им прави. Ваква неодговорна политика …

Continue Reading

Мицкоски: Потребно е да се видат и цените во аптеките и во продавниците за бела техника

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување на пратенички прашања рече дека состојбата која ја затекнале како Влада е алармантно катаклизмична. „Состојбата која ја затекнавме беше алармантно катаклизмична и во таква состојба вие мора да најдете начин како сето тоа да го менаџирате и да се соочувате со сите тие предизвици.“ Мицкоски изјави дека има различни …

Continue Reading