Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и со поединци и невладиниот сектор. Тој уште еднаш ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори. Обвини дека албанската дијаспора е исклучена од политичкиот живот, албанскиот јазик брутално се деградира, а повеќе од 78 институции го игнорираат законот за користење …

Continue Reading

Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани

Венко Филипче со денови молчи и не смее да побара оставка од советникот тепач од Кочани, кој повреди вработена во општина Кочани во текот на неговото дивеење на седницата на Советот минатата недела, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата тврди дека Акиов е човек од доверба на експремиерот Зоран Заев, а планот Акиов да почне …

Continue Reading

Филипче: Младите не смеат да ги враќаат долговите од 7 милијарди направени за бизнис интерес на власта

Во обраќање пред младите социјалдемократи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја осуди, како што рече, неодговорната и корумпирана власт која ја задолжила Македонија со над 7 милијарди евра, без отчет и без развој. „Страшно ми е што сите вие, младите, па дури и вашите неродени деца треба да враќаат седум милијарди евра коишто се земени на којзнае каков, на сомнителен …

Continue Reading

ДУИ: Ја поддржуваме заложбата на САД и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток и ја поддржува координираната заложба на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје во рацете на авторитарни режими, соопштија од партијата. „Последните случувања покажуваат дека демократскиот свет не може да стои со скрстени раце пред заканата од нуклеарно вооружен Иран, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: За една година стабилизирање и раст на економијата, зголемување на плати и пензии

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, стабилизирање и раст на економијата, зголемување на плати и пензии, Стратешки договор со Велика Британија, изградба на патишта, велат од владејачката партија. „Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, една година посветена работа во интерес на државата и граѓаните. Година на големи предизвици со наследена економија фрлена на колена, држава на раб на банкрот, уништени институции. …

Continue Reading

По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна, велат од СДСМ

По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна. Македонија економски е понижена, обвинија од СДС. „Живеачката на луѓето e сè потешка од ден во ден, стандардот е уништен, граѓаните се оставени сами на ударот од енормните поскапувања, додека постојано го чувствуваат падот на куповната моќ гледаат како власта аздисува и се луксузира. Растот на платите е …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот за градоначалник на СДС во Чучер Сандево, Комненовиќ, е тендераш со искуство

Чучер Сандево е уништена и упропастена општина, благодарејќи на Сашко Комненовиќ кој е човек на Заев и работи по неговите постапки, обвини ВМРО-ДПМНЕ. „Комненовиќ е повторно кандидат за градоначалник во Чучер Сандево, благодарејќи на Заев и неговите тендери со Компанијата Димовски која е блиска до СДС и Филипче. СДС, Филипче и Комненовиќ, ја исцедиле општината преку тендери и набавки, за …

Continue Reading

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со СДСМ. Ваквата одлука, според ДОМ, претставува принципиелен исчекор кон заштита на вредносниот интегритет на ДОМ. „Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока на самостојно, јасно и идеолошки доследно политички дејствување. ДОМ коалициите ги разбира како алатка за остварување на …

Continue Reading

Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не само што не ја рационализираше администрацијата, туку ја претвори во продолжена рака на партиските штабови. Вработувањата се политички награди, не резултат на квалитет и труд. Ова го истакна Венко Филипче на трибината „Македонија понижена – Една година Влада“. – Ветуваа ред и рационализација во администрацијата. Ветуваа мерит-систем. Што добивме? Нови министерства, илјадници нови партиски …

Continue Reading