(Видео) СДСМ: Дрзок непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник

Безочно и бес осет, континуирано се назначуваат роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, се вработуваат под државна капа, на грбот на граѓаните, обвини на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Како што реле, последен е скандалозниот случај со Љупчо Андоновски, татко на министерот за дигитална трансформација во Владата – Стефан Андоновски. „Таткото на министерот Стефан, Мицкоски си го назначил за негов …

Continue Reading

Состанок на Муртезани со претседателот на ЕЕСК: Проширувањето на ЕУ не е само институционален процес, туку трансформација која мора да ја водат сите сегменти на општеството

Вториот ден од работната посета на Брисел, министерот за европски прашања Орхан Муртезани го започна со средба со Оливер Ропке, претседател на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), на која се разговараше за улогата на економско-социјалните партнери и граѓанското општество во евроинтегративниот процес. Министерот Муртезани ја поздрави иницијативата на ЕЕСК за подлабока вклученост на граѓанскиот сектор, синдикатите и стопанските комори …

Continue Reading

„СДС и Алексовска Стојановска да одговорат дали судијката ги финансирала или пак тие ја подмитувале“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го партизираше правосудниот систем во Македонија. СДС во Струмица ги бираше судиите кои после изборот, наместо по закон, судеа по партиска директива и тоа секој ден, се повеќе излегува на површина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Блискоста на СДС со судиите се гледа и во примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска, која им отстапила дел од својот дом за партиски општински …

Continue Reading

Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на Мицкоски: 15 милијарди денари – историски најголема инвестиција од централната власт во општините досега

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ја поздрави одлуката на премиерот Христијан Мицкоски за реализирање на историски најголемата инвестиција од централната власт во општините во вредност од 15 милијарди денари. Тој истакна дека ова претставува значаен чекор напред во поддршката на локалната самоуправа, што директно ќе влијае на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Средствата ќе бидат наменети за изградба на …

Continue Reading

Мицкоски со луксузни саати од 60.000 евра не може да разбере што е синдикална кошнишка за достоинствен живот, велат од СДСМ

„Минималната синдикална кошничка којашто ја пресметува Синдикатот е пресметана сума на пари која го одразува минимумот за достоинствен живот на едно четиричлено семејство. Премиерот со луксузни саати од 60.000 евра и лукзузна гардероба од неколку илјади евра тоа не може да го разбере“, велат од СДСМ. „Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Нови 15 милијарди денари за проекти во општините, забрана за нелегалните игри на среќа и реформи во јавната администрација

Премиерот најави нови 15 милијарди денари за проекти во општините, а со закон ќе се забранат нелегалните игри на среќа, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, сублимирајќи ги најавите на премиерот и претседател на владејачката партија, Христијан Мицкоски. „Општините ќе може да аплицираат за средства за капитални проекти од следната недела. Јавната администрација ќе се реформира во светло на ЕУ интеграцијата.Македонија …

Continue Reading

Муртезани на средба со Мати Масикас „Продлабочена соработка со ЕУ во процесот на интеграција“

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со Мати Масикас, извршен директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (EEAS). На средбата беше истакната важноста на стратешките односи меѓу Северна Македонија и Европската Унија, како и континуираната поддршка на ЕУ за реформскиот процес и интеграцијата на земјата. Двете страни разговараа за актуелните предизвици во регионот и …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Полицаец пред секое училиште, и заострување на казните во сообраќајот, СДСМ подготвува законски измени

СДСМ ќе предложи законски решенија за поголема безбедност пред училиштата и во сообраќајот, најави претседателот на оваа партија, Венко Филипче. „Сметам дека е добро што ќе има јавна расправа во Собранието. Ние како партија во текот на изминатите денови припремавме предлог законски измени и решенија и ќе ги презентираме на таа јавна расправа. Два конкретни предлози имаме како партија прво …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска на редовна седница на Владата практично отпочнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа со којшто ќе се изрази интерес на единиците на локална самоуправа за финансирање на капитални проекти од интерес на граѓаните, истакна премиерот Христијан Мицкоски.   Станува збор, како што појасни, за втор јавен повик за искористување на средства од оние …

Continue Reading