СДСМ: Директорката на „Козле е сменета под наш и под притисок на јавноста
Разрешувањето на в.д. директорката на Клиниката „Козле“ е директен резултат на силниот притисок од јавноста, граѓаните, медиумите и политичкиот притисок на СДСМ, велат од опозициската партија. „Ова е доказ дека неспособноста, мобингот и злоупотребите на Клиниката „Козле“ за кои алармираше СДСМ се целосно потврдени иако власта со месеци ја штитеше. На ДПМНЕ и на Таравари треба да им биде јасно …
Continue Reading
Муртезани со Ројтен и Тонин: Земјата останува активен партнер во процесот на пристапување, се очекува праведен пристап од страна на ЕУ
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, на првиот ден од работната посета на Брисел, оствари средби со европратениците Тајс Ројтен (С&Д) и Матеј Тонин (ЕПП), известители во сенка за Северна Македонија, информираат од неговиот кабинет. На средбите беше потврдена силната поддршка од Европскиот парламент за европската перспектива на Северна Македонија. Европратениците ја истакнаа важноста на реформите …
Continue Reading
Филипче: Граѓаните одвај врзуваат крај со крај а владата нема стратегија за платите
Тоа што се случува и што се случуваше во текот на претходните денови е само уште еден доказ дека Владата апсолутно не е заинтересирана за стандардот на граѓаните и го остава на последно место, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Ете немало никаква конструктивна дискусија за минималната плата за време на состанокот на Советот. Се навлегува во некакви анализи, формирање …
Continue Reading
Филипче: Идеалите на Гоце живеат – Македонија мора да остане слободна и праведна
Денес го одбележуваме ликот и делото на нашиот најголем борец , револуционер и визионер, Гоце Делчев. Во неговата борба се вградени сите социјалдемократски вредности. Тој се борел за слободна Македонија, демократска во којашто се гарантирани индивидуалните слободи на луѓето и секако правдата. Неговите мудри мисли се актуелни и релевантни и денес, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод 153 …
Continue Reading
Божиновска-Филипиду: во фокусот гасниот интерконектор и енергетскиот пазар
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со посебен акцент на проектите од регионално значење. Двете соговорнички ја истакнаа важноста на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, кој ќе придонесе за енергетска стабилност и диверзификација …
Continue Reading
Минчев: Реформата на јавната администрација е клучен приоритет за европската интеграција на Македонија
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се обрати на настанот посветен на презентацијата на Извештајот за мониторинг на СИГМА за 2024 година, нагласувајќи ја важноста на реформите во јавната администрација како еден од клучните приоритети во пристапниот процес кон Европската Унија. „Модернизацијата и унапредувањето на јавната администрација се темел на функционален јавен сектор, кој е двигател на секое демократско …
Continue Reading
Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња
Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски осврнувајќи се на бојкотот на маркетите. „Што ви реков? Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња. Трн во око им се маркетите. Седум големи маркети прават вкупен промет од 900 милиони евра, и сите заедно имаат добивка од …
Continue Reading
(Видео) Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт, праша Лефков
„Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт? И Венко Филипче како претседател на СДС и Даниела Алексовска Стојановска треба да кажат како е уреден односот за користење на деловен простор во нејзината семејна куќа во Ранковце од страна на СДС“, праша Миле Лефков, пратеник и член на ИК на …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го уништија образованието, ги оставија учениците без материјали и учебници
„СДС и ДУИ го девалвираа и уништија образованието изминатите 7 години. СДС ги остави училиштата без основни средства за дезинфекција, учениците без материјали и учебници. Концептот на СДС и Мила Царовска тотално го уништија образованието а поради тоа најмногу страдаа децата и наставниците. Концептот на Царовска и СДС за дигитализација на образованието создаде хаос“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС наместо да обезбедат …
Continue Reading