Мицкоски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи извести дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет. „На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот. Македониjа мора да …

Continue Reading

СДСМ: Странските инвеститори си одат од земјава, „Аптив“ заминува од Бунарџик

Компанијата „Аптив“, која со години функционираше во индустриската зона Бунарџик и вработуваше околу 500 лица, ја затвора својата фабрика во Бунарџик, велат од СДСМ. „Производствените капацитети се преселуваат во други земји, оставајќи стотици македонски граѓани без работа и егзистенција. Дополнително, компанијата „Џонсон Мети“, која исто така има долгогодишно присуство во Бунарџик, најавува намалување на бројот на работни позиции. Ова е …

Continue Reading

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски. Таткото на министерот за дигитална трансформација, Љупчо Андоновски е советник во Владата. Братот на министерот пак, Игор Адноновски е началник во АНБ. Значи цела фамилија, едниот брат министер, другиот брат началник во АНБ а таткото Советник во Влада“, велат од …

Continue Reading

„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ

„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на средствата за култура, принудени сме да се обратиме уште еднаш јавно до свеста на општеството. Наместо културната политика да служи како мост на поврзување меѓу различните заедници, во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува …

Continue Reading

Состанок на Муртезани со Марта Кос, еврокомесарката за проширување

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Во фокусот на разговорот беа реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан. Министерот Муртезани го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда на Северна Македонија, истакнувајќи дека Владата активно работи …

Continue Reading

СДС и Кузеска се фабрика за лажни вести, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС секојдневно се повеќе тоне во сопственото политичко мочуриште. СДС е фабрика за лажни вести, а освен што лаже и манипулира, злоупотребува и податоци со доверлива содржина, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ откако на прес-конференција од страна на Богданка Кузеска од СДСМ беше посочено дека континуирано се назначуваат роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, се вработуваат под државна капа, на грбот на граѓаните. …

Continue Reading

Меџити-Сешнс: Поддршката од САД останува клучна за демократскиот и евроатлантскиот развој на Македонија

Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, Изет Меџити, за време на неговата официјална посета на Соединетите Американски Држави, оствари средба со американскиот конгресмен Пит Сешнс, член на Републиканската партија и Претставничкиот дом на САД. На оваа средба се дискутираше за билатералните односи меѓу Северна Македонија и САД, со посебен фокус на можностите за продлабочување и проширување на соработката …

Continue Reading

Мисајловски-Памер: изразена подготвеност за имплементација на новиот билатерален план за соработка со Австрија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер. Мисајловски изрази подготвеност за поддршка и имплементација на новиот билатерален план за соработка со Австрија кој опфаќа широк спектар на активности од различни области. „Ја цениме нашата заедничка соработка за која секогаш има простор за унапредување и развој. Преку заедничката одбранбена соработка ги развиваме и јакнеме одбранбените …

Continue Reading

Муцунски во работна посета на Австралија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 6 до 13 февруари 2025 година ќе престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на македонски министер за надворешни работи по пауза од 15 години. Во рамки на интензивната политичка агенда, планирана е средба со министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг (Penny Wong), …

Continue Reading