Мицкоски во посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини: Поддршка за стабилен и одржлив енергетски сектор

Премиерот Христијан Мицкоски денес оствари работна посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Посетата ја потврди цврстата поддршка на Владата за реформите и проектите што се реализираат со цел подобрување на енергетската стабилност, зголемување на инвестициите и унапредување на ресурсното управување. Разговарано беше за клучните приоритети во енергетиката, тековните реформи во енергетскиот сектор, проектите за модернизација на енергетската …

Continue Reading

Средба Лимани – Светска Банка: Резултатите од заедничката работа се видливи, испорака на квалитетни услуги до граѓаните на кои навистина им се потребни

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска одржа работна средба со претставници на Светска Банка, на која се разговараше за активностите поврзани со Проектот за подобрување на социјалните услуги кој се реализира со поддршка на Светска Банка. Проектот опфаќа три компоненти: промовирање на социјалната вклученост преку подобар пристап до парични надоместоци и услуги; проширување на пристапот и …

Continue Reading

„Каде што срцето е дома“, нов владин проект за локалната самоуправа

Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети, кои оваа година се реализираат под името „Каде што срцето е дома“. Целта е преку директни средби, размена на искуства, идеи и предлози, да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на денешната средба со новинарите, …

Continue Reading

СДСМ бара средба на сите собраниски партии за реформите во правосудството

СДСМ бара средба на сите собраниски партии за реформите во правосудството, изјави организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски. Тој истакна дека реформите во правосудството бараат надпартиски консензус од сите чинители и парламентарни партии затоа што и самите граѓани тоа го бараат. „Факт е дека е потребна темелна реформа во целиот правосуден систем. Оттука Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара заедничка средба на сите …

Continue Reading

Џафери: Застапеноста на Албанците во Армијата е на историски најниско ниво

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост за сериозното влошување на состојбата со застапеноста на Албанците во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија. Поранешниот министер за одбрана и експретседател на Собранието, Талат Џафери обвини дека последните месеци се спроведува дискриминаторска политика при што Албанците се целосно исклучени од клучните позиции, а забележан е и процес на деградирање …

Continue Reading

Костовски: До 30 % повисоки сметки за струја, власта повторно удри по стандардот на граѓаните

Власта на Мицкоски и на ДПМНЕ ги укина субвенциите на цената на струјата за домаќинствата со што изврши уште еден удар врз џебот и стандардот на народот. Голем број граѓани се жалат за огромните сметки за стуја коишто им се пристигнати за месец јануари и кои се значително поголеми од минатите месеци, вели Мартин Костовски, секретар на СДСМ. „Сумите некаде се …

Continue Reading

„Од Соравија ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50 – те милиони солидарен данок што треба да се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на Уставниот суд да се поништи Законот за солидарен данок која на сегашната Влада и наметна обврска да им врати 49,2 милиони евра на 156 оданочени компании. Премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека не го загрижува толку однесувањето на претходната влада …

Continue Reading

Венко Филипче: Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните

Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда, вели лидерот на партијата СДСМ Венко Филипче. „Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта. СДСМ бара следните …

Continue Reading

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација, членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на којшто функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште кое изобилува со многу контроверзии и скандали, оцени премиерот, Христијан Мицкоски. Тој рече дека не може да се направи целосно распуштање или за кратко време да бидат детектирани аномалиите, но може да биде избран Судски совет кој, како што рече, објективно без партиски …

Continue Reading