„Од септември пензиите ќе се зголемат за над 1.000 денари, следното зголемување ќе се случи во март“, велат од Влен
„Владата што произлезе од волјата на граѓаните, секој ден докажува дека промената не е слоган, туку реалност која се допира. На вчерашната владина седница беше одобрен предлогот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, фундаментална одлука за подобрување на условите за живот на нашите пензионери“, велат од „Влен“. „По многу години неисполнети ветувања, конечно имаме влада …
Continue Reading
„ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците – над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието“, велат од СДСМ
„За првпат во историјата, со ребалансот на Буџетот се намалуваат субвенциите за земјоделците. Наместо зголемување и дополнителна поддршка, како што беше досега со СДСМ, сега ВМРО-ДПМНЕ крати средства – директно ја намалува финансиската поддршка за земјоделците“, велат од СДСМ. „Во времето на СДСМ финансиската поддршка изнесуваше 8,3 милијарди денари (во 2023 година), додека со ВМРО-ДПМНЕ е намалена на 6,7 милијарди …
Continue Reading
„’Казанџи груп’ ќе инвестира 1 милијарда евра во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Инвестициите во енергетиката се клучниот двигател за економскиот и општествениот развој на државата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во енергетиката, во домашното производство на енергија и во современа и одржлива енергетска инфраструктура“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со цел Македонија да стане енергетска раскрсница на Балканот секојдневно се работи на нови инвестиции во енергетиката. Се потпиша моморандумот со компанијата „Казанџи груп“ којашто е …
Continue Reading
Николовски: За првпат во историјата со ребалансот се намалуваат субвенциите за земјоделците
Ребалансот на буџетот што го предлага власта претставува сериозен удар врз македонското земјоделство. За првпат во историјата, со ребалансот се намалуваат субвенциите за земјоделците, што директно ја намалува финансиската поддршка која тие ја добиваат. Ова е целосен преседан, бидејќи досега секогаш со ребалансот се додаваа дополнителни средства, а сега, напротив, се кратат, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната …
Continue Reading
Николова: Со ребалансот, власта крати пари од најсиромашните, за таа да се луксузира со скапи возила и мебел
Ребалансот на Буџетот што го предложи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасен доказ за економската неспособност, недалекувидост и отсуство на визија. Наместо економска стратегија, овој ребаланс е политичко признавање на економскиот пораз на владата, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на денешната седница за ребаланс на буџетот. Таа потенцираше дека со овој ребаланс гледаме продолжување на политиките на неодговорно трошење, …
Continue Reading
Брза железница, нови болници, подобри патишта, крајната цел е младите да останат во земјата, Муцунски за договорот со Обединетото Кралство
Со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се отвораат нови можности за реални проекти кои директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните: брза железница, нови болници, подобри патишта и технолошка инфраструктура, порачува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој во видео објавено на социјалните мрежи зборува за конкретните придобивки од Договорот. „Зборовите не се доволни. Резултатите …
Continue Reading
Талески: За една година владеење ВМРО-ДПМНЕ ја загрози иднината и ја врати државата цела деценија назад
На денешната собраниска седница, пратеникот од СДСМ, Миле Талески, упати критика до владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ за ребалансот на буџетот, критикувајќи ги како што рече, лошите економски, но и погрешните политики на власта кои според него за само една година ја вратија државата цела деценија назад, како во времето на Никола Груевски, загрозувајќи ја нејзината иднина. „Ова е ваш …
Continue Reading
(Видео) Трајчулевски: Ребалансот носи сиромаштија за граѓаните а луксуз за власта
Владата уште еднаш покажа дека нема допир со реалноста. Денешниот ребаланс на Буџетот не е ништо друго освен јасен показател дека оваа власт не само што нема визија, туку и свесно се оддалечува од интересите на граѓаните. Она што требаше да биде алатка за подобар животен стандард и економски развој, се претвори во средство за партиско луксузирање и изборен маркетинг, …
Continue Reading
(Видео) Битиќи: Неразвоен буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните
Овој ребаланс не е развоен и не е социјално одговорен. Тој е создавање на ново множество на пропуштени шанси, на скриени долгови, на селективна поддршка и на краткорочни политички пресметки. Ова е ребаланс за предизборен поткуп, служи само за изборите во октовмри, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска расправа посветена на ребаланост на буџетот за 2025 година. …
Continue Reading