На Надзорната расправа во Собранието обединети експерти, активисти и политичките чинители, голем чекор во борбата за чист воздух, велат од Левица

„Вчера во Собранието на Република Македонија се одржа значајна Надзорна расправа посветена на аерозагадувањето, со учество на граѓански организации, експерти и некои претставници на институциите, на иницијатива на Левица. Оваа расправа беше важен чекор кон барање на соодветни решенија за еден од најголемите еколошки проблеми во земјата“, велат од партијата Левица. „Свои излагања имаа активисти од „Еко свест“, „Грин Пауер“ …

Continue Reading

„Бетон и корупција го гушат Чаир, кој ќе сноси одговорност“, прашува ДУИ

„Наместо да ја префрла вината и да измислува оправдувања за своите неуспеси, градоначалникот на Општина Чаир треба да им даде одговори на граѓаните за урбаниот хаос и неконтролираното бетонирање што го уништува овој град. Нема воздух, нема простор за деца, нема место за движење, нема осветлување. Има само бетон и корупција“, велат од ДУИ. „Секој агол на оваа општина е …

Continue Reading

Перински во Чаир: Заедно продолжуваме да градиме побезбедна и поинклузивна општина за сите нас

Во рамки на теренските посети по општините „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, попладнево одржаа средба со граѓаните, претставници на невладиниот и бизнис секторот од општина Чаир. Дискутираа на повеќе теми, разменија мислења, предлози и идеи за зголемување на сообраќајната безбедност, подобрување на степенот на јавната хигиена, а разговараа …

Continue Reading

Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ

Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ, вели премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски попладнево рече дека потегот во Обединетите нации не значи дека Македонија не била усогласена со надворешната политика на Европската унија, бидејќи резолуцијата не била таква. Тој вели дека единствената резолуција, која како обврзувачка поминала во Советот за безбедност, е таа на САД, каде Македонија е ко-спонзор. За …

Continue Reading

Мицкоски најави мега-инвестиција: Гасни централи за решавање на проблемот со загадување и нула денари приклучок на домаќинствата

Премиерот Христијан Мицкоски најави мега-инвестиција за гасни централи за решавање на проблемот со загадување, нула денари приклучок на домаќинствата, над 1 милијарда евра инвестиции во енергетика. Имаше средби со раководството на „Казанчи Холдинг“, која преку своите енергетски компании што работат под брендот „АКСА“, преставува еден од најголемите енергетски гиганти во својата област. Со повеќе од 25 години искуство, „АКСА Енерџи“ …

Continue Reading

Опозицијата одржа надзорна расправа во Собранието за аерозагадување, власта ја бојкотираше

Во Собранието денеска се одржа првата надзорна расправа за ефектите од аерозагадувањето врз здравјето на граѓаните и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје. Иако официално биле поканети, премиерот Христијан Мицкоски и министрите Изет Меџити, Сања Божиновска и Африм Гаши не се одзвале на поканата. Лидерот на Левица Димитар Апасиев изјави и покрај сите правни перипети и обиди …

Continue Reading

Владата усвои предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, a истиот, по завршување на владините процедури, ќе биде доставен до Советот за јавни обвинители од каде согласно законските рокови Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена. Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен …

Continue Reading

Тошковски на средба со пакистанскиот амбасадор, Модсар Чаудари

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес оствари работна средба со пакистанскиот амбасадор со седиште во Софија, чија надлежност ја покрива и Македонија, Н.Е. Модсар Чаудари. Оваа средба беше искористена за продолжување на разговорите за интензивирање на соработката во полето на безбедноста отпочнати за време на претходната средба со пакистанскиот министер за внатрешни работи, Сајед Мохсин Раза Накви. „Амбасадорот Чаудари …

Continue Reading

СДСМ: Скандалозно е што Мицкоски го штити Изет Меџити при јасни докази

Скандалозно и истовремено комично е што Мицкоски за „пет минути“ ги проверил доказите кои СДСМ ги достави за Изет Меџити. Повеќе од јасно е дека тој го штити Меџити и се прави слеп на докази кои се јасно потврдени од институциите на државата, реагира СДСМ откако Владата претходно соопшти дека наводите се неточни. Според СДСМ, со ова јасно се потврдува …

Continue Reading