Македонската економија оди надоле, инфлацијата повторно расте, велат од СДСМ
„Целосен дебакл на погрешните економски политики на власта на Мицкоски и ДПМНЕ. Македонската економија оди надоле, животниот стандард на граѓаните опаѓа а инфлацијата повторно расте. Во месец јануари, инфлацијата достигна 4,9 %, факт што го констатира и Меѓународниот монетарен фонд. Статистика измери дека трошоците на живот во јануари пораснаа за 4,9%, а индексот на цени на мало за 5,2%“, велат …
Continue Reading
„Извештајот на ММФ потврдува дека економијата на нашата земја продолжува да биде несигурна и под влијание на погрешни политики“, велат од ДУИ
„Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2025 година јасно го истакнува она што граѓаните го чувствуваат секојдневно: инфлацијата повторно расте, а животниот стандард значително се влошува. Во јануари оваа година, инфлацијата достигна 4,9%, што претставува алармантен пораст од најниското ниво од 2,2% забележано во август минатата година“, соопшти ДУИ. „Ова значи повисоки цени за основните прехранбени производи и сите …
Continue Reading
ДУИ потпиша декларација за усогласување со Стратегијата на САД за борба против корупцијата
„Демократската унија за интеграција на седница на Генералниот Совет како највисоко партиско тело меѓу два конгреси, денеска ја објави својата непоколеблива посветеност на партиските реформи, нагласувајќи ја важноста од транспарентност, отчетност и интегритет во своите редови. Во согласност со оваа заложба, ДУИ е посветена на продолжување на процесот на ветинг во партијата за да се осигура дека нејзините членови се …
Continue Reading
Меџити: Гасификацијата ќе го ублажи загадувањето за 50 до 70 проценти
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес ги прими претставниците на граѓанските организации: Центар за климатски промени, Милиеуконтакт Македонија, Еко-свест, Македонско еколошко друштво и Македонско здружение на млади правници, што работат на полето на заштита и унапредување со животна средина и климатски промени. На состанокот, министерот Меџити ги информираше за плановите …
Continue Reading
Средба на Муцунски со европратеникот од Европскиот парламент, Томас Вајц, нагласена потребата од продлабочување на соработката
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со европратеникот и известител од Европскиот парламент, Томас Вајц, при што беше разговарано за напредокот на државата во процесот на европска интеграција, идните чекори во пристапниот процес, како и можностите за зајакнување на соработката со Европскиот парламент. Од страна на министерот Муцунски беше потенцирана цврстата посветеност на Владата за …
Continue Reading
Антикорупциската комисија парично казни повеќе поранешени и актуелни функционери, меѓу нив Груби, Меџити, Крмов
Антикорупциската комисија достави информации за имињата на 86 поранешни и актуелни носители на јавни функции кои се казнети со парична глоба за прекршување на одредбите од наведениот закон. Меѓу нив се пратеникот Борислав Крмов од Левица, екс-вицепремиерот Артан Груби кој е во бегство, поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, Фатмир Меџити актуелен министер за здравство. „Фатмир Меџити, Министер за здравство, …
Continue Reading
Алијансата за Албанците: Владата инвестира милиони во болницата „8 Септември“, а Тетово и Штип се запоставени
Алијанса за Албанците го поддржува секое вложување во здравството, но изразува длабока загриженост за неправедната распределба на инвестициите во здравствениот сектор од страна на актуелната влада. Додека милиони евра се планираат за инвестиции во болницата „8 Септември“ во Скопје, клиничките болници во Тетово и Штип продолжуваат да се соочуваат со неприфатливи услови и недостаток на инвестиции. „Владата го третира здравствениот …
Continue Reading
Мицкоски: Когенеративни гасни електрани преку проектот на „Казанчи Холдинг“ ќе го намалат загадувањето
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на новинарското прашање за тоа што планира инвестицијата на „Казанчи Холдинг“ Групацијата од над 1 милијарда евра и кој ќе биде бенефитот за државата, информираше дека важно е што инвестицијата ќе работи по пазарни правила и по пазарни услови. Држава ќе помогнеме во административниот дел. „Да, тоа е отпочнување на сериозни …
Continue Reading
Ме обвинуваа дека сум анти Америка, а сега им пречи што имаме одлична соработка со администрацијата на Трамп, рече Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека СДСМ немаат кридибилитет да зборуваат за надворешната политика, по понижувањата на коишто ја изложија државата. Коментирајќи ги обвинувањата на СДСМ за резолуцијата на САД во Обединетите Нации за Украина, каде Македонија беше коспонзор, Мицкоски потсети на обвинувањата во минатото дека бил анти-НАТО, анти-Америка, проруски настроен, а сега, вели, им пречи што имаме одлична соработка со …
Continue Reading