Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, разговараа за унапредување на односите во областите од заемен интерес
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Република Турција, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан. На средбата беше потврдена одличната и традиционално пријателска соработка меѓу двете земји, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво. Двајцата …
Continue Reading
Димитриеска-Кочоска: За мене темата со вчерашната ситуација е затворена, се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност
Се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност да ја работам. И со задоволство објавувам рекордно ниво на инвестиции во Македонија. Затоа им сметам затоа што темелно чекор по чекор си ја работам работата и резултатите се јасни и видливи. Тие се во истовреме и мерливи, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција во одговор на новинарско …
Continue Reading
Во Ердоган гледам голем пријател, добредојден е во Скопје, Охрид каде и да сака, рече Мицкоски во Турција
Турција е државата со која имаме многу заеднички елементи во културата, традицијата, заеднички интереси и одлични односи на македонскиот и турскиот народ, на македонските граѓани и на турските граѓани, истакна премиерот Христијан Мицкоски, за време на својата прва официјална посета на Турција. Премиерот ги потврди добрите односи меѓу двата народа. Рече дека кај нас турската заедница е лојален дел од македонското …
Continue Reading
Меџити: Турција е важен партнер во справувањето со еколошките предизвици
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ја почна официјалната посета на Република Турција со средба со министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени, Мурат Курум. Меџити разговараше за можностите за продлабочување на соработката во однос на справувањето со еколошките предизвици и искористување на турскиот модел на борба против аерозагадувањето, кој се покажа …
Continue Reading
Николоски: Голем отпор има во Судскот совет и Обвинителството, ако не дадат оставки, во еден легитимен процес во Собрание ќе бидат разрешени
Одредени структури кои со децении се вгнезндени во Судскиот совет и Обвинителството даваат силен отпор. Но во една редовна законска процедура во Собраните ќе бидат разрешени. Граѓаните очекуваат ред и правда и тие што згрешиле ќе одговараат, одговори на новинарско прашање, вицепремиерот Александар Николоски. Како што истакна тоа е процес кој што граѓаните имаат најголеми очекувања, но за жал се …
Continue Reading
СДСМ: Елена Петрова брутално ја лаже јавноста, повратот на ДДВ доцни и до четири месеци
СДСМ оценува дека Елена Петрова брутално и без трошка осет за одговорност ја лаже јавноста за повратот на ДДВ. Доволно е, како што велат од партијата на Филипче, да поразговарате со компаниите и менаџерите за да ја слушнете вистината – повратот на ДДВ доцни постојано. Оваа пракса на задоцнето ДДВ, според нив, не е непозната за ВМРО-ДПМНЕ тие така владееја …
Continue Reading
Мицкоски, странските инвестиции во 2024 се 90 проценти реализирани од СДСМ, порачуваат од оваа партијата
Премиерот кој секојдневно се кити со туѓи перја, кој не престана да фрла лопати на проекти и инвестиции реализирани од СДСМ, денес се обидува повторно да си присвои заслуги кои не се негови, реагираат од СДСМ. „Инвестициите во 2024 се резултат на работата на СДСМ и 90% од нив се целосно реализирани или договрени до фаза на реализација од СДСМ. …
Continue Reading
Гаши се сретна со европратениците од мешовитиот парламентарен комитет
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со европратениците кои учествуваат на 23 состанок на Мешовитиот Парламентарен комитет Северна Македонија – Европска Унија. Делегацијата, предводена од хрватскиот европратеник Карло Реслер, копретседавач на овој заеднички комитет е составена од 13 пратеници од речиси сите политички партии застапени во Европскиот парламент, вклучувајќи го и Томас Вајц, известител за Република Северна Македонија во …
Continue Reading
(Видео) Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство, бара СДСМ
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката за финасии после вчерашните дискриминаторски навреди упатени кон пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска. На прес-конференцијата, пратеничката Јована Тренчевска, нагласи дека министерка која понижува граѓанки не заслужува да води министерство.
Continue Reading