Петрушевски: Сокол од затворот во Шуто Оризари направил хотел, СДСМ да го осуди и исклучи од партијата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски го повика Социјалдемократскиот сојуз да го осуди и исклучи од Централниот Одбор на партијата, Филип Андов Сокол. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари од установата направил хотел, а криминалци осудени за тешки дела излегувале кога ќе посакаат. „Филип Андов Сокол кој е член на ЦО на СДС на Венко …

Continue Reading

„ДУИ прави терен за бојкот на локалните избори“, велат од Влен

„За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат сценарио кое треба да кулминира со бојкот на локалните избори“, велат од ВЛЕН. „Дел од ова провидно сценарио се нивните неосновани напади за наводната деалбанизација, кое треба да креираат лажна атмосфера дека Албанците не се доволно застапени во државните институции …

Continue Reading

„Корисниците на времена инвалидска пензија оставени на милост и на немилост на Комисијата за оценка на работната способност“, велат од партијата Левица

„Лицата кои што се корисници на времена инвалидска пензија поради правни празнини може да станат социјални случаи. Актуелните законски решенија не предвидуваат мирување на работниот однос на работници на кои поради професионално или друг вид на заболување им е доделена времена пензија. Односно, ваквиот тип на пензија може да се користи најмногу 2 години, а за тоа време на работникот …

Continue Reading

Нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ, одговорност и правда мора да има, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на кадрите на СДС и ДУИ метастазирал во сите гранки на општественото делување. Криминалот на СДС е синоним за нивното владеење како и причина за 2 проценти доверба во правосудството и недоверба во институциите на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Секојдневно на површина излегуваат криминалите за време на владеењето на функционерите од СДС. Индиции и докази за криминалот и злоупотребите …

Continue Reading

Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, при што ќе се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија. Овој Совет …

Continue Reading

Кочоска: Петровска изгради кариера од глумење жртва, сум ја бранела кога други ја напаѓале

Ја разбирам хистеријата која СДС и нивните ботови ја шират околу мојот политички дуел во сообранието со Славјанка Петровска. Замислете да не беа овие квалификации, редица навреди и лажни обвинувања што ги упатуваат кон мене која сум исто жена, што друго ќе се паметеше од денешната седница, реагира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска по нападите од СДСМ кон неа. -Има …

Continue Reading

Муцунски се обрати на 23-от Мешовит парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ: Македонските граѓани останаа посветени на европските вредности

Министерот Муцунски се обрати на 23-от Мешовит парламентарен комитет меѓу Северна Македонија и ЕУ Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево се обрати на 23-от Мешовит парламентарен комитет меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, кој денес се одржа во Скопје. Во своето обраќање, министерот Муцунски го истакна значењето на ова меѓупарламентарно тело како континуиран, посветен и …

Continue Reading

Битиќи до Кочоска: Имам сопруга и родител сум на две деца, дали сум достоен да ви поставам пратеничко прашање

Денес во Собранието се случи срамен чин на непочитување и дискриминација изговорени од страна на министерката за финансии. Настан којшто не е само личен напад до пратеничката Петровска, туку напад и до достоинството на сите жени, мајки, работнички, борци за правда и еднаквост во ова општество, реагираше пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниската седница посветена на пратенички прашања. „Министерката …

Continue Reading

Левица со осуда за навредите на Кочовска кон Петровска: Подли, мизогини и недостојни изблици на вмровските политичари

Политичката партија Левица го осудува говорот на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска која на пратеничката Славјанка Петровска ѝ кажа дека нема право да зборува за семејство бидејќи нема деца. „Јас политички не се согласувам со пратеничката Славјанка Петровска, ама секаква лична дискредитација во обид да се избегне одговорност и тоа како е за осуда. За жал, министерката Кочоска (во …

Continue Reading