СДСМ бара и поддржува покачување на минималната плата на 500 евра, вели Шукова

Последна шанса да покаже Владата минимум почит кон граѓаните е итно да интервенира со платите. Потребно е покачување на минималната плата на 500 евра бидејќи ова ќе поттикне раст на сите плати. Ако минималната плата не се зголеми на 500 евра, тоа ќе значи дополнително влошување на животот за илјадници семејства, посочи денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова. …

Continue Reading

Кузесна бара разрешување на министерката Димитриевска-Кочоска

СДСМ денеска на прес-конференција побара од премиерот Христијан Мицкоски да ја разреши министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска за нејзиниот говор на седницата за пратенички прашања. – Навредите и дискриминацијата на Гордана Кочоска кон пратеничката Петровска и кон сите жени не смеат да бидат затворена тема. Кога министерка јавно ќе изјави дека жена која од одредени причини не можела да има …

Continue Reading

Распределбата на судските предмети се врши електронски

Комисијата за надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник и на одредбите од Законот за управување со движење на предметите во судовите утврдила дека распределбата на судски предмети се врши електронски и дека не е забележана рачна распределба на предметите. Изземањето на судии се врши согласно законската процедура, а за секое исклучување и вклучување на судии од АКМИС постојат …

Continue Reading

Филипче: Владата не прави ништо, го запре процесот на зголемување на платите

Владата не прави ништо, го запре процесот на зголемување на платите, не прифаќа никакви предлози кои се во интерес на граѓаните за да се намалат цените и сметките за струја, граѓаните страдаат од нивната неспособност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во Крива Паланка. „Излегува премиерот и вели дека сме одлични во економијата, први сме. Одлични и први сме во …

Continue Reading

СДСМ да го исклучи Сокол од член на Централниот одбор на партијата, бара ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Социјалдемократски сојуз (СДСМ)  да го исклучи Филип Андонов од член на Централниот одбор на партијата. Ваквиот повик на власта доаѓа, откако дел од медиумите објавија дека меѓу осомничените во акцијата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за злоупотреби во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е и …

Continue Reading

Вреди: ДУИ се подготвени да ги бојкотираат локалните избори и ќе направат тензии

Коалицијата Вреди денеска преку соопштение наведува дека ДУИ се подготвени да ги бојкотираат локалните избори и дека на денот на гласањето ќе се обидат да направат тензии. – Али Ахмети вчера од Липково самиот потврди: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Истовремено, го призна она што ние одамна го тврдиме. Иницијативата за Законот за употреба на Албанскиот јазик пред Уставниот …

Continue Reading

Филипче: Кочовска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – тие се арогантни, нетолерантни и агресивни

Во парламентот вчера јавноста можеше да го види вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва од Крива Паланка. „Сега се гледа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Оној испад којшто вчера го имаше министерката Кочовска во парламентот е само доказ дека тоа е нивното вистинско лице – арогантни, безобразни, нетолерантни и агресивни. Претставниците на власта трошат енергија за …

Continue Reading

ВЛЕН: Наместо прослава за децата, отворањето на градинката се претвори во партиски собир

„Наместо да биде свечен настан посветен на децата, инаугурацијата на новата градинка во Матејче-Липково беше искористена како платформа за политичка промоција од страна на ДУИ. Овој чин, кој требаше да означи чекор напред во грижата за најмалите, беше претворен во партиски настан, со што се прекршија принципите на неутралност и се занемари Конвенцијата за правата на детето“, посочија од партијата …

Continue Reading

Мир преку разговор во Украина, решение „две држави“ за Израел и Палестина – Мицкоски и Ердоган разговарале и за глобалните предизвици

За Северна Македонија и Турција клучно е  конфликтот во Украина да се реши по пат на разговори. За ситуацијата во Палестина двете земји споделуваат ист став, а тоа е преку формирање на две држави. Ова го истакна турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган за време на заедничката прес-конфренеција со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, во Турција. Ердоган потсети и дека Турција е …

Continue Reading