Шасивари: Втора шанса за Изборниот законик – очекувам СДСМ да се приклучи на следниот состанок на работната група
Министерот за правда, Јетон Шасивари заедно со членовите на работната група за реформи во изборното законодавство, денеска разговараше за отворените прашања и за чекорите потребни за деблокирање на процесот и негово враќање во активна институционална динамика. Министерството за правда во изминатиот период иницираше отворен, сериозен и конструктивен дијалог со сите релевантни политички и институционални чинители, со цел преку аргументирана дискусија …
Continue Reading
(Видео) СДММ: Одговорност за срамот со „Секси мама” и сквернавење на Македониумот
Младите од СДММ бараат одговорност за, како што велат, срамот со „Секси мама” и сквернавење на Македониумот. „„Секси мама“ за Македониумот, спот за 500 евра. Срамно рушење на достионството во режија на ЗНАМ и ВМРО-ОКГ! Ваков однос кон споменик на културата е недозволиво. Прво му ставија окови сега го сквернават споменот на Никола Карев и Крушевската република. Не е важно …
Continue Reading
Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ставот на Владата во однос на евроинтегративниот процес е познат и дека е подготвена да разговара и да бара решение. Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од опозицијата дека Владата го кочи евроинтегративниот пат и дали ова прашање ќе биде отворено на најавената средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Мицкоски …
Continue Reading
Мицкоски се извини за спотот во Македониумот и побара разрешување на директорот и на УО: Таков тип институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени
Премирот Христијан Мицкоски смета дека музички спотови не треба да биде дозволено да се снимаат во институции како Македониумот во Крушево, по многуте реакции во јавноста за спотот на косовски рапер снимен во објектот за песна со наслов „Секси мама“. Мицкоски вели дека ги следи реакциите и уште денес ќе побара разрешување на директорот и Управниот одбор. „Навистина тоа коешто …
Continue Reading
(Видео) СДСМ обвинува дека построгите критериуми ќе остават илјадници земјоделци без поддршка
Новите критериуми за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година ќе остават без субвенции околу 10.000 земјоделци кои досега ја користеле оваа поддршка, смета Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на прес-конференција изјави дека Владата ја намалила поддршката за земјоделците и вовела построги критериуми за добивање субвенции. „Рокот за пријавување за субвенции за 2026 …
Continue Reading
Левица Град Скопје: Да се укине групното поставување советнички прашања – трет пат нема да дозволиме нормална седница
„Утре Советот на Град Скопје повторно ќе одржи седница посветена на советнички прашања. Пред нејзиното одржување, Советничката група на Левица уште еднаш јавно бара да престане практиката на групно поставување и групно одговарање на советничките прашања, против која реагираме веќе две последователни седници“, велат од Левица. „Советничките прашања постојат за советникот непосредно да побара отчет, да го слушне одговорот и, …
Continue Reading
(Видео) Кузеска за Мицкоски: Како што седна во фотелјата, така ги смени ставовите за Иловица
Како што седна во фотелјата така ги смени ставовите. Во 2023, додека беше опозиција, Мицкоски беше против отворање на рудникот Иловица и зборуваше дека „се брани приватен интерес на сметка на колективниот интерес на граѓаните во тој регион“ и најавуваше дека идната влада на ВМРО ќе го решава случајот, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Во 2026 Мицкоски е премиер и …
Continue Reading
СДСМ: Поддршка за протестот на земјоделците, но и конкретно со Закон во Собрание
„Со месеци проф д-р Венко Филипче е на терен со македонските земјоделци. Предупредува за состојбата во земјата. Револтот и незадоволство на земјоделците ширум државата поради погрешните и криминални политики на арамијата Мицкоски е огромно. Ниска откупна цена на пченица, на млеко, неисплатени субвенции за сточарите, оставени се сами на цедило, без поддршка од владата и државата“, велат од СДСМ. „Уште …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме: Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев? Дали има комуникација и средби помеѓу нив? Зошто инаку …
Continue Reading