СДСМ: Поддршка за протестот на земјоделците, но и конкретно со Закон во Собрание


venkosdsmsvetinikolefinal-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Со месеци проф д-р Венко Филипче е на терен со македонските земјоделци. Предупредува за состојбата во земјата. Револтот и незадоволство на земјоделците ширум државата поради погрешните и криминални политики на арамијата Мицкоски е огромно. Ниска откупна цена на пченица, на млеко, неисплатени субвенции за сточарите, оставени се сами на цедило, без поддршка од владата и државата“, велат од СДСМ.


„Уште арамијата сака да им ја распродава земјата и водата за туѓи интереси и профити. Соочени со огромна неизвесност и загрозена егзистенција земјоделците се приморани да излезат на протест.

СДСМ во целост го поддржува најавениот протест на земјоделците и нивните барања. Конкретно. И со Закон во Собрание којшто произлезе од средбите на Филипче со земјоделците и го поднесе СДСМ: за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци.

За сточарите се предвидува поддршка од 8.000 денари за секое грло добиток, за оние кои биле опфатени со програмата за 2025 година и се евидентирани и во 2026 година.

За производителите на пченица, 5 денари по килограм, без разлика дали пченицата е продадена кај регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад.

Финансиска поддршка за лозарите од 8 денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите Вранец и Кратошија. Дополнителна поддршка од 300.000 денари по хектар евидентиран лозов насад.

Предлог-мерките предвидуваат поддршка и за производителите на пиперка ајварка, и поддршка за оризопроизводителите.

10 денари по килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година.

Оваа помош ќе биде дополнителна на редовните директни плаќања и на останатите мерки за 2026 година, а треба да биде исплатена од Платежната агенција најдоцна до 31 декември.

Заврши времето на декларативни поддршки, СДСМ и Филипче имаат конкретен Закон, ајде поддржете го!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK