Мицкоски се извини за спотот во Македониумот и побара разрешување на директорот и на УО: Таков тип институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени


spot-mickoski-makedonium-screenshot-2026-09-30-123615.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премирот Христијан Мицкоски смета дека музички спотови не треба да биде дозволено да се снимаат во институции како Македониумот во Крушево, по многуте реакции во јавноста за спотот на косовски рапер снимен во објектот за песна со наслов „Секси мама“. Мицкоски вели дека ги следи реакциите и уште денес ќе побара разрешување на директорот и Управниот одбор.
„Навистина тоа коешто таму се случило претставува нешто коешто не требало да се случи. Јас ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со Управниот одбор, бидејќи таков тип на институции не треба да бидат изнајмувани и користени за за такви намени. Јас им се извинувам на граѓаните поради тоа што тоа. Тој пропуст е направен и се случил, и ќе се потрудиме во иднина такво нешто да да не се повтори. Уште денеска ќе побарам да бидат и членовите на Управниот одбор и директорот на таа културна институција разрешени“.
Видеоспотот има делови снимени во внатрешноста на Македониумот, простор во кој се наоѓа гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, како и дела на уметниците Борко Лазески и Томе Серафимовски.
Вршителот на должност директор на Македониумот, Миха Оџаклиески, за медиумите објасни дека одлуката ја донел Управниот одбор, а раперот за користењето на објектот платил 500 евра за пет-шест саати.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK