Муцунски: Невистинити се обвинувањата на Кузеска, има 24 часа да се извини, во спротивно ќе поведат постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот

„На денешната прес-конференција на СДСМ беа изнесени целосно невистинити информации поврзани со мене како министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и со институцијата со која раководам“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. „Станува збор за лажни тврдења, кои не соодветствуваат со фактичката состојба. Проектот за кровната конструкција е тековно одржување на објектот на Министерството, со единствена цел превенција …

Continue Reading

Мојсоска: На македонските жени никој не им даде рамноправност – со масовно учество во НОБ се изборија за слобода

На денешната собраниска седница по повод 8 Март, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во своето обраќање потсети дека 300 жени го вградиле својот живот во темелите на социјалистичка Македонија: „Мене ми е драго што ја имам честа да се обратам на ден кој ја симболизира борбата на жената-работничка за политичка и економска рамноправост, ден кој извира од идеалите на истакнатите …

Continue Reading

Мицкоски: Индустриското производство во јануари порасна за 1,4 проценти, а извозот е пораснат за 5 проценти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Македонија стана дел од европскиот платежен систем СЕПА и најновите бројки од статистика за индустриското производство, изјави: “Да, сакам исто така да ова го потенцирам дека конечно како држава влеговме во, како би се нарекла таа, европската евро платежна зона. Што …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: ДПМНЕ го напаѓа Синдикатот само затоа што не сака да ги покачи платите

Наместо да манипулира и етикетира, ВМРО ДПМНЕ треба да ги слушне работниците и да ги покачи платите. Секогаш кога не можат да решат некој проблем кој што треба да се реши и е од интерес на грашаните, ВМРО-ДПМНЕ манипулира и се служи со етикетирања и изговори, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, во одговор на новинарско прашање. „Ова што го …

Continue Reading

(Видео) Протест против молкот на власта за Кочоска- СДСМ нема да учествува на седница, ниту во Клубот на пратенички

Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, ја изразуваме нашата почит и благодарност кон сите жени кои се бореле и кои и денес се борат за еднакви права и подобра положба во општеството. Собранието на Република Северна Македонија, токму во таа насока, веќе трета година по ред одржува пленарна седница посветена на прашањата за родовата еднаквост, иницијатива која …

Continue Reading

Кузеска: Нов скандал, Муцунски со омилена фирма во тендерската мрежа на ДПМНЕ

„Денес ја продолжуваме серијата на скандали за корупција и матни тендери на ВМРО-ДПМНЕ. Ја разоткриваме мрежата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој го оживува проектот Скопје 2014 за повторно испумпување на пари од буџетот заедно со нови тендери од унгарскиот кредит. Според достапните информации, Министерството за надворешни работи потпишало договор за изградба на челична настрешница во вредност од …

Continue Reading

Левица предлага зголемување на породилното отсуство од девет на осумнаесет месеци

На денешната прес-конференција на портпаролот на Левица и пратеник во Собранието, Амар Мециновиќ, кажа дека пратеничката група на Левица поднела измени на Законот за работни односи со цел зголемување на породилното отсуство. „Левица предлага зголемување на породилното отсуство на мајките од девет на осумнаесет месеци. Ова е една од мерките која нам ни е многу важна и е дел од …

Continue Reading

Филков: Не смееме да дозволиме жртвите од кривични дела со насилство да останат без заштита, а насилниците да бидат неказнети

На Третиот правосуден форум за родова рамноправност на Западен Балкан, министерот за правда Игор Филков порача дека нема напредок во општеството без почитување на основните човекови права на секој поединец. ,,Родовата рамноправност не е само морална вредност. Таа е основен столб на современото правно и демократско општество. Оваа концепција е вградена во бројни законски и подзаконски акти, но, за да …

Continue Reading

Продолжувањето на проектот “Скопје 2014” ќе биде поздравено од идејниот творец кој е на печалба во Будимпешта, Жерновски за настрешницата на МНР

„Не мора да се носат наочари за сонце, бидејќи не’ зафаќа се’ поголема сенка. Токму овој потег е она што и’ недостасуваше на македонската дипломатија последниве 8 месеци. Очекувам со новата настрешница од половина милион евра да зајакнат напорите, а со тоа и резултатите, за побрза интеграција во ЕУ“, напиша на социјалните мрежи поранешниот амбасадор, Андреј Жерновски откако дел од …

Continue Reading