(Видео) Петрушевски: СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички
Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички. Сања Лукаревска вчера на прес – конференција од Собранието призна, рече тој, дека СДС го координира ССМ и дека имаат состаноци во синдикатот. Според него, она што не го кажа Лукаревска е дека на тие состаноци е договорен малициозниот и деструктивен …
Continue Reading
Тошковски во Израел: во фокусот зајакнување на соработката во областа на безбедноста и размена на практики во борбата против тероризмот
На покана на израелската компанија Elbit Systems, која е наш долгогодишен партнер во унапредувањето на техничките системи и безбедносните капацитети на Министерството за внатрешни работи, особено во рамки на проектот „Безбеден град“, деновиве престојувам во Израел, обајви министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на социјалните мрежи. Оваа посета, како што вели, претставува значајна можност за размена на искуства и запознавање …
Continue Reading
„Тендерски мрежи“ ќе биде најголмиот корупциски скандал во историјата, имаме преку 50 случаи за корупција на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ
„СДСМ денес продолжува со серијалот скандали „Тендерски мрежи“. Ќе се презентираат нови докази за фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои испумпуваат пари од институциите, но и од проекти фиансирани од унгарскиот кредит“, велат од СДСМ „Вчера откривме шема во која на компанија гонета за местење тендери се доделени 50 тендери до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, денес продолжуваме со објавување на вистината за …
Continue Reading
Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава. Обајцата се потсетија на заедничките почетоци на евроинтеграцијата пред дваесет години, но со целосно различен исход. За претседателката, хрватското евроинтеграциско искуство е релевантна лекција за нас и Хрватска, како наш докажан пријател може многу да ни помогне со научените лекции …
Continue Reading
СДС е против инвестирање во капитални проекти, не сака државата и економијата да се развиваат и за ова го злоупотребува ССМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС и ССМ делуваат заеднички, еден со друг си ги повторуваат тезите, манипулираат со јавноста и работниците и вештачки наметнуваат тези. Колку и да негираат, тоа е повеќе од очигледно и народот ги прочита, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Планот на делување, кој се реализира преку ССМ, како што оценуваат,осмислен им е, најверојатно, во кујната на СДС, надополнета со неформалните коалициони партнери …
Continue Reading
ДУИ: За прв пат од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ниту еден Албанец не зазема водечка позиција во Армијата
„За прв пат од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ниту еден Албанец не зазема водечка позиција во Армијата на Северна Македонија. Отстранувањето на единствениот генерал Албанец од Оперативната команда ги остави Албанците без претставници на четирите највисоки воени позиции“, велат од ДУИ. „Дополнително, назначувањето на генералите Орце Јордев и Мирче Ѓорѓевски, кои добија негативни одговори од НАТО за безбедносни сертификати, …
Continue Reading
Левица: Скандалозен договор со контроверзна албанска фирма – Таравари го продаде паркингот на клинички
„Министерот за здравство, Арбен Таравари, де факто го приватизира јавниот паркинг, лобирајќи албанска компанија да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје преку јавно-приватно партнерство во траење од 20 години! Со ова, Таравари стана епитет на политичка корупција, кој одработува за контроверзна фирма од странство“, велат од Левица. „Со ваквиот енормно штетен договор со фирмата „Ѓока Констракшн“, целиот приход …
Continue Reading
Божиновска на средба со јапонската амбасадорка Кавахара: Јакнење на соработката во енергетиката
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Македонија, Сецуко Кавахара. На средбата се разговараше за јакнење на билатералната соработка, со фокус на одржливата енергија, еколошките технологии и инфраструктурните проекти. Јапонија е долгогодишен партнер на Македонија и значаен поддржувач на зелени иницијативи, модернизација на енергетскиот сектор и заштита на животната средина. Божиновска …
Continue Reading
Учество на министерот Муцунски на панел-дискусија за евро-атлантската безбедност
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес учествуваше и се обрати на панел-дискусијата „Евро-атлантската безбедносна динамика: Предизвици за НАТО, Европа и процесот на проширување кон Западен Балкан“, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Настанот го означи и официјалното отворање на Регионалната школа за безбедност …
Continue Reading