ГРОМ: Кој дозволил дискотеката „Пулс“ да работи и покрај пломба на вратата и блокирана сметка?

„Изминаа седум траорни денови од погибието на 59-те млади луѓе и повеќе од 150-те повредени во ужасниот пожар во Кочани. Покрај земјотресот 1963 година и двете авионски несреќи, ова е најголемата катастрофа која се случи од 1945 година па наваму, благодарение на човечката неодговорност и нефункционирањето на институциите на системот“, велат од ГРОМ „Додека цела Македонија тагува, а заедно со …

Continue Reading

ДУИ: Тоа не беше обичен локал, туку неформалното собиралиште на целата политичка, криминална и бизнис елита на Кочани, сите сѐ гледале – но цела година никој ништо не видел

„Изминаа седум дена болка, молк и солидарност – денови кога целото општество се поклони пред споменот на 59 млади животи што згаснаа трагично, меѓу кои и деца, а стотици други беа повредени. Како Демократска Унија за Интеграција, одбравме да молчиме – од почит“, велат од ДУИ. „Почит кон жртвите, кон семејствата, кон една национална рана што треба да не обедини, …

Continue Reading

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави Митева

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави портпаролката на Владата Марија Митева. -Во овој момент се скенираат ваквите состојби во делот на активна законска лиценца која е поседувана или непоседувана. За сите натамошни детали ќе се продолжи со етапна контрола на се она што е нерегуларно согласно законот и верувам дека и овој дел ќе …

Continue Reading

Да се провери одговорноста на УЈП во истрагата за трагедијата во „Пулс“, бара ДУИ

Во врска со новите информации поврзани со трагичниот настан во Кочани, Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува загриженост за сомнежите што се појавуваат во однос на транспарентноста и независноста на институциите надлежни за истрагата. Како што велат од ДУИ, според информации објавени од истражувачките стории на медиумите, кабарето „Пулс“ било официјално затворено и пломбирано од страна на УЈП во втората …

Continue Reading

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава, потенцираше заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. – Тоа во суштина е главниот проблем на јавната администрација, одредени сектори се превработени со лица кои што имаат помалку …

Continue Reading

Се откриваат скандали во градежништвото, од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три илјади и до денес прегледавме 2.810 лиценци и бројката на одземени лиценци е веќе 427, објави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој најави дека во вторник ќе бидат објавени финалните бројки и по име ќе бидат извадени …

Continue Reading

Митева за Кочани: Да преземеме итни чекори за да ги спречиме идните трагедии од ваков карактер

Нашиот приоритет сега е двоен, да ја завршиме институционалната работа со целосен интегритет и да преземеме итни чекори за да ги спречиме идните трагедии од ваков карактер. Во координација со сите надлежни органи ги зајакнуваме безбедносните мерки, ги подобруваме протоколите и ги решаваме сите идентификувани неправилности. Одговорноста не завршува со зборови, туку со акција. Ова го порача денеска портпаролката на …

Continue Reading

Мицкоски го посети семејството на починатиот возач од Брзата помош кој цела ноќ спасуваше деца

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја посети сопругата и семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош кој трагично почина по помошта што ја пружи на повредените во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Мицкоски изрази почит и благодарност за храброста и пожртвуваноста на Иле, кој цела ноќ се посветил на помагање на …

Continue Reading

„Фактот дека од 35-те приведени лица, само еден или двајца се актуелни функционери, отвора сомнежи за селективна правда“, велат од ДУИ

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани и ја споделува тагата со сите граѓани погодени од оваа несреќа. „Во врска со одлуката на Јавното обвинителство за 30-дневен притвор на поранешниот министер Крешник Бектеши и други претставници на претходната влада, ДУИ сака да појасни неколку клучни аспекти пред јавноста: Прво, концептот на …

Continue Reading