Митева: ДПИ досега има записник од 82 контроли, голем број на издадени решенија за забрана за вршење на дејноста

Владината портпаролка Марија Митева денеска информираше за работата на ДПИ и кои се преземените активности заклучно со вчерашниот ден. „Вкупно 82 контроли со записник, инаку се многу повеќе за кои сѐ уште трае анализа и контролата, по Законот за угостителска дејност, тука се вклучени сите од кабаре, дискотека, надзори по угостителска дејност на цела територија. Од 23 со лиценца, констатирано …

Continue Reading

На 97 фирми им биле издадени лиценци кои подоцна ги прекршиле законските услови: Николоски најави дека ќе им се одземат

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. Тој соопшти дека од досега извршената проверка констатирано е следното: „Од издадени над 1.100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци. Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица …

Continue Reading

На 97 фирми им биле издадени градежни лиценци, па престанале да ги исполнуваат условите, ќе им бидат одземени,рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција зборуваше за контролата на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. Тој соопшти дека досегаашната проверка покажала дека биле издадени 1.100 лиценци, а вкупно досега се проверени 643. Од тука, кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците фирмите престанале да ги исполнуваат законските …

Continue Reading

Муцунски: Ги посетив пациентите во Хрватска и Австрија и лично се уверив во посветеноста на медицинскиот персонал кој се грижи за нивното закрепнување

Вчера беше еден од најтажните денови за државата. Трагедијата во Кочани длабоко ме вознемири, пред се, како човек и родител. Во овие тешки моменти, важно е да останеме обединети во болката и солидарноста. Дозволете ми уште еднаш да изразам искрено сочувство до семејствата кои се соочуваат со оваа ненадоместлива загуба, напиша на неговиот фејсбук профил министерот за надворешни работи и …

Continue Reading

Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти, бара ЛДП

„Не може да се најдат вистинските зборови со кои ќе се опишат траорот и тагата од трагедијата која се случи во Кочани и нашите мисли и молитви во овие тешки моменти се со семејствата и најблиските на погодените во оваа несреќна катастрофа. Додека не е повторно предоцна, како партија бараме зголемување на степенот на безбедност во повеќе места“, велат од …

Continue Reading

ДУИ: Трагедијата бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени

Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Според нив, власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност. „Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на …

Continue Reading

„Влен“ оддаде почит на жртвите од трагедијата во Кочани

Претставниците на коалицијата „Влен“ одржаа почит во чест на трагично изгубените животи во Кочани. „Во општините каде што раководиме, со длабока болка и голема почит, со молчење се поклонивме да ја изразиме нашата солидарност со семејствата на жртвите и со сите погодени од оваа трагедија. Оваа катастрофа го потресе секое срце и го допре секое семејство, без разлика на нашата …

Continue Reading

Апасиев бара оставка од Тошковски по несреќата во Кочани: Вие сте министер од јануари 2024, а фалц лиценцата е обновена во март 2024, што значи токму во времето на вашето министерување

На социјалните мрежи лидерот на Левица Димитар Апасиев бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по несреќата во Кочани. „После вчерашната експликација за одговорноста на Градоначалникот на Кочани, денес продолжуваме со правни аргументи зошто и Министерството за внатрешни раноти, на чело со министерот, сноси одговорност за ситуацијата со дискошталата. Согласно чл. 21, ст. 1, ал. 4 од Законот …

Continue Reading

Муцунски: Благодарам на Србија за помошта, вашата држава, лекарите и народот беа меѓу првите што реагираа

Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, денеска изрази длабока благодарност до Србија и српскиот народ за помошта и солидарноста што ја пружија по трагедијата во Кочани. Тој им се заблагодари за брзата реакција, особено откако премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, престојуваше во амбасадата на Македонија во Белград и се потпиша во книгата на жалост. Муцунски истакна дека Србија …

Continue Reading