ДУИ: Наместо да одговори како објектот работел цела година со фалсификувана лиценца, власта апси поранешен министер само затоа што не е ‘нивни’

„Секој ден, сѐ поголем е бројот на експерти, професионалци, граѓани кои гледаат и јасно предочуваат што се случува: ова е политички прогон, а не истрага. Наместо да се соочи со прашањето како објектот работел цела година со фалсификувана лиценца, преполн со малолетници, со пиротехника и без дозвола, власта апси поранешен министер – кој одамна нема надлежност – само затоа што …

Continue Reading

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп

„Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока загриженост и го осудува вчерашниот инцидент во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, во кој што избеган маж од Психијатриската болница во Демир Хисар пукаше и повреди вработена службеничка. Повикуваме на итна и темелна истрага за да се утврдат околностите и да се лоцира одговорноста за настанот“, изјавува Бобан Јанкоски, член на Извршниот одбор …

Continue Reading

Апасиев: Дали владата формирала илегален „Кризен штаб“ за трагедијата во Кочани

Димитар Апасиев, пратеник и лидер на политичката партија Левица, прашува „дали владата прогласила кризна состојба во државава без владина одлука доставена до пратениците во Собранието на Македонија“. „Согласно изјавите на премиерот, министрите, докторите и директорот на ЦУК – некој од нив перманентно изјавуваат дека се дел од некаков си „Кризен штаб“ – што им дава дополнителни ингеренции во случајот со …

Continue Reading

Муцунски во Будимпешта: се информираше за состојбата на повредените пациенти од трагедијата во Кочани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта, Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто, и, на негова покана, се обрати пред членовите на Дипломатскиот совет на Унгарија. На средбата со Сијарто, Муцунски упати искрена благодарност за поддршката и прифаќањето на македонските пациенти …

Continue Reading

Фетаи-Палминтери: упатена благодарност за помошта во лекувањето на повредените пациенти во трагедијата во Кочани

Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Италија во Скопје, Паоло Палминтери. За време на средбата, заменик-претседателот на Владата, Фетаи, му честиташе на амбасадорот Палминтери за новата функција и му посака успех во неговата дипломатска мисија. Тој ги оцени билатералните односи како одлични и изрази благодарност …

Continue Reading

За разлика од порано кога виновен беше „кабелот“, сега има истрага и приведувања, рече Петрушевски и повика да не се злоупотребува трагедијата

Сериозноста бара одговорност, но не и манипулации со трагедијата, изјави на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски, додавајќи дека Социјалдемократскиот сојуз се служи со подмолни политички калкулации кога зборува за трагедијата во Кочани. Според владејачката партија, прашањата кои ги поставува опозициската партија, се дел од активна истрага предводена од институции што работат со целиот капацитет и со огромна свесност за големиот интерес на …

Continue Reading

Костовски: Селектитвност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани

„Пред точно една недела, Македонија ја погоди најтешката трагедија во поновата историја. Изгубивме 59 млади животи. Во тие најтешки моменти, како партија одлучивме да молчиме и да не политизираме. Решивме да не додаваме сол на раната на семејствата на починатите. Тоа беше одговорно и човечки. Оставивме седум дена органите на правосудството да покажат дека спроведуваат независна, темелна и пред сè …

Continue Reading

Муртезани: Први во регионот ги добивме средствата, ЕУ испраќа силна порака за доверба и партнерство

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска се обрати на прес-конференција по повод пристигнувањето на средствата од претфинансирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од страна на Европската комисија. „Траншата е во висина од 52,4 милиони евра, односно 7% од вкупната сума на финансиска помош за земјата, која што како што знаете, изнесува околу 750 милиони евра. Оваа …

Continue Reading

Таравари: Утрово станав со 50 пораки дали давам оставка, останувам министер и на први и на втори и на петти април

Министерот за здравство Арбен Таравари ги демантира гласините дека ќе си даде оставка на втори април кои викендов се раширија на социјалните мрежи. Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека останува на функцијата. „Утрово станав со 50 пораки дали давам оставка, јас сум фокусиран на работата во Министерството за здравство. Односите со партнерите во коалицијата се добри, стабилни и јас …

Continue Reading