„Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Филипче во улогата како министер за здравство под СДС, ја покажа неспособноста на една власт да ја разбере суштината на јавниот интерес и креираше модел на нефукционалност и системско игнорирање на реалните потреби на граѓаните. Филипче ги третираше здравствените установи како амбиент погоден за распределба на милионски тендери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Кога граѓаните очекуваа модернизација на здравството и подобрување на …
Continue Reading
СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски
„Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса. И по проширувањето на истрагата, едно е јасно: не се бара никаква одговорност од оние што кобната ноќ беа на функција во МВР, но и други институции кои морале и и имале должност да го превенираат настанот“, велат од СДСМ. „Вечерта …
Continue Reading
Мицкоски на работна посета во Обединетите Арапски Емирати
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции е во официјална посета на …
Continue Reading
ДУИ: Прес-конференцијата на Тошковски и Коцевски – најголемата карикатура на заробената држава
„Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски претставува најголемата карикатура на заробената држава“, велат од ДУИ. „Наместо вистинска правда за трагедијата во Кочани, пред јавноста се демонстрира трговија со влијание – еден вид трансакциска заштита меѓу главниот виновник, министерот Тошковски, и обвинител кој се наоѓа под политички притисок, со функција што зависи од волјата …
Continue Reading
Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот
Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако признава дека е тешко да ѝ се одолее. Тој истакна дека за него политиката секогаш била и ќе остане едноставна формула: што правиме за народот, а не што правиме за себе и за тесниот круг околу нас. „Ова беше системот …
Continue Reading
СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ
Проширувањето на истрагата за страшната трагедија во Кочани се уште е фокусирана само на минатото а никако на моментите кога се случил кривично-правниот настан ниту на актуелни полициски функционери, регира СДСМ по денешната прес-конференција за истрагата. „Истрагата се уште нема одговор на клучните прашања: -Кој е одговорен за пожарот поради кој згасна 61 живот а околу 200 млади луѓе беа …
Continue Reading
Тошковски: Не смее да се дозволи истрагата за „Пулс“ да биде под влијание на политичките препукувања
Заврши времето кога пајакот и кабелот беа криви. Македонските граѓани можат да направат разлика и за она што досега е спроведено, во споредба на што досега било правено претходно, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на заедничка прес конференција со јавниот обвинител Љупчо Коцевски на која беа споделени детали од истрагата за пожарот во „Пулс“ во Кочани. „Мислам дека …
Continue Reading
Манасиевски: Филипче ги лажеше граѓаните за нов Клинички центар, само за да може да го краде народот
Екминистерот Венко Филипче и СДСМ му ветуваа на народот нов Клинички, а во реалноста даваа физиолошки раствори наместо лекови, обвинува Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче и СДС му ветуваа на народот нов Клинички, а во реалноста граѓаните добија урнисано и запоставено здравство. Филипче и СДС му ветуваа на народот нов Клинички, а во реалноста Пановски добиваше милионски …
Continue Reading
Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата за „Пулс“ оти немало ново барање за лиценца
Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата оти нема никаков доказ дека сопственикот на клубот „Пулс“ иницирал лиценца во 2025 година. Ова го истакна државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски на денешната прес-конференција на која обелодени детали од истрагата за пожарот во клубот во Кочани што однесе 61 млад живот. Во делот на одговорноста на Министерството за економија кое …
Continue Reading