ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозицијата дека ги подметнува пожарите на депониите

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ повторно ги обвини опозициската СДСМ и ДУИ за намерно подметнување на пожарите околу Скопје. „Хипокризијата кај СДС е се поизразена – наутро сеат страв со повици граѓаните да седат дома, а навечер прават журки во Градски парк, во меѓувреме се занимаваат со специјалноста палење депонии, одговорност ќе има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека честите пожари во …

Continue Reading

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем пожар во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад, што предизвика ширење на штетни супстанци во воздухот. „Денешниот пожар во објектот за рециклирање на батерии и електронски отпад разбирливо предизвика загриженост кај сите граѓани. Фирмата има 10-годишна дозвола добиена …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Пожарот е злосторство против народот, скопјани не смеат да се гушат во чад и отров

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, реагираше по повод големиот пожар што избувна во Скопје, оценувајќи го како директна закана за здравјето на граѓаните и за животната средина. „Во овој момент сведочиме на ужас што не смее да се повтори – огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани,“ изјави Ѓорѓиевски. …

Continue Reading

ДОМ бара измени на Кривичниот законик: подметнувањето пожар да се третира како обид за убиство

Зелената партија ДОМ остро реагира на денешниот пожар во скопското село Трубарево. „Очигледно дека не станува збор за изолиран настан – претходно гореа депониите Вардариште и Дрисла. Секој ваков пожар е директна закана по животот и здравјето на луѓето, а институциите остануваат неми и без одговорност“, велат од ДОМ. Партијата како дел од „Коалицијата за зелена иднина“ порачува дека дојде …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Пожарите се подметнати за создавање вештачка криза, скопјани се жртви на политички игри

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска порача дека споделува загриженост со скопјани за пожарите кои деновиве ја зафатија околината на главниот град, оценувајќи дека постојат сомнежи за нивно намерно подметнување. „Не само што некој си игра со трпението, туку си игра и со здравјето на илјадници граѓани во Скопје! Го повикувам Министерството за внатрешни работи …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ и ДУИ за намерно палење на депониите: „Како баш пред избори почнаа да горат?“

ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува опозициските партии, СДСМ и ДУИ, за палењето на депониите во главниот град за да го спречат доаѓањето на правдата. Во партиското соопштение се наведува: Злосторничкото здружение ДУИ–СДС, неможејќи да го прифати фактот дека е поразено и дека граѓаните ја враќаат државата на прав пат, прибегнува кон најопасни и криминални методи“. Според партијата, наместо политики, подметнуваат чад и …

Continue Reading

Филипче: Веднаш по преземањето на одговорноста, Вардариште ќе биде ставено под контрола

Скопјани повеќе немаат време за чекање и лажни ветувања од ВМРО-ДПМНЕ, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој денеска заедно со кандидатите за градоначалници на Аеродром и Гази Баба, Александар Трајановски и Влатко Митовски, изврши теренска посета на депонијата Вардариште. „Четири години неспособната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ не успева да реши една дива депонија што шири зараза и смрт. Ова …

Continue Reading

ЗНАМ ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за градоначалник на Центар и листата за советници во Советот на Град Скопје

Движењето ЗНАМ денеска ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за Градоначалник на Општина Центар и листата на кандидати за членови Советот на Општина Центар. „Центар заслужува конечно работите да се решаваат системски, со една јасна визија за многу почист Центар, безбеден Центар, Центар кој има ред и организација. Оваа денешна слика мора да се промени. Центарци знаат што е најдобро …

Continue Reading

„Не може децениски проблеми да се решат преку ноќ“ – ВМРО реагира на обвинувањата за загадувањето и отпадот

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на СДСМ за загадувањето и управувањето со отпадот, обвинувајќи ја опозициската партија дека додека била на власт не понудила никакви решенија. „Срамно е СДС да зборува за чист воздух. Тие ќе останат запаметени по тоа што наместо да се фатат за работа, организираа протести, а меѓу нив беа и тогашни министри и заменици министри,“ стои во …

Continue Reading