ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс, бараме одговорност и системски промени
Зелената партија ДОМ, како што соопшти, најостро реагира на монструозното убиство на младата Росица и нејзиниот татко во Велес. Според оваа партија, не станува збор за „индивидуална трагедија“, туку за директна последица на институционалниот колапс. „Кога полицијата, обвинителството, судството и центрите за социјална работа не постапуваат согласно законските надлежности, тогаш може да се зборува за поддршка која води кон репродукција …
Continue Reading
Мицкоски: Да создадеме јавен сектор кој ќе биде двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина на државата
„Денес сме собрани со исклучително важна цел – да потврдиме дека реформите не се само зборови во програма, туку дела што се гледаат и чувствуваат. Нема модерна држава без модерна администрација. Нема напредна економија без функционален јавен сектор. Нема доверба во институциите без професионални, одговорни и мотивирани службеници“, порача Христијан Мицкоски, претседател на Владата денес во своето обраќање на настанот …
Continue Reading
„Влен“: ДУИ партнер на Левица, за власт ги гази Албанците
„ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната партија во земјата, ЛЕВИЦА на Димитар Апасиев. Кандидатурата на Јована Мојсовска во Струга е печат на срамниот договор што го смислија луѓето на Али Ахмети со ЛЕВИЦА, со единствена цел да ја спречат победата на Менди Ќура во првиот круг“, …
Continue Reading
18 проценти од сите смртни случаи годишно во Македонија се последица на штетни честички во воздухот: Европската зелена партија со поддршка за ДОМ
Европската зелена партија испрати јасна порака за поддршка на зелената партија ДОМ, истакнувајќи ја итната потреба од одлучни политики за чист воздух и одржливо управување со отпадот во Македонија, соопшти ДОМ. Во својата објава, Европската зелена партија посочува дека речиси 18% од сите смртни случаи годишно во Македонија се последица на изложеност на штетни честички во воздухот. Лошото управување со …
Continue Reading
Работна посета на министерот Муцунски на САД и учество на Генералното собрание на ОН
Во периодот од 17 до 26 септември, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, која опфаќа посета на Вашингтон и учество на 80-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во Вашингтон, министерот Муцунски ќе се сретне со високи претставници на Стејт департментот, при што ќе се разговара за …
Continue Reading
Шукова: Загадувањето од греењето мора да се намали
Кандидатката за градоначалник на Скопје и поранешна министерка за животна средина во времето на владеењето на СДСМ, Каја Шукова, најави план за намалување на загадувањето. „Убаво е на Видиковец, одовде се гледа цело Скопје. Но, во есен и зима, градот го нема. Се губи под густа магла и сив смог. Тоа не е природна појава, туку слика на едно запуштено, …
Continue Reading
Мицкоски: Трговијата во индустријата е зголемена за 13-14 отсто во јули, споредено со истиот месец лани
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека економијата се опоравува и какви се макроекономските показатели во индустријата, изјави: „Државниот завод за статистика објави параметар вчера, во којшто вели дека трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец претходната година. И тоа е тренд кој што нѐ следи цела година, …
Continue Reading
Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс во Куманово, најави Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети општина Куманово, каде заедно со градоначалникот најави реконструкција на најстариот спортски комплекс „Соколана“. За овој проект, Владата ќе обезбеди 700.000 евра. „Сакам да изразам задоволство што сум еве денеска заедно со градоначалникот овде во Куманово, да честитам за сето она коешто го прави изминатиов период, но исто така заеднички да сработиме уште повеќе во …
Continue Reading
Дурмиши на „Бизнис Лидер“: Владата и стопанството се партнери во градење на модерна и одржлива економија
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати како почесен гостин на најголемата бизнис конференција во земјава – „Бизнис Лидер“, која ги обединува најуспешните претприемачи, визионери и компании што ја движат македонската економија напред. Во своето обраќање, министерот истакна дека оваа конференција претставува симбол на волјата, капацитетот и одговорноста за зајакнување на темелите на економијата и за создавање …
Continue Reading