ВМРО-ДПМНЕ: Од „неподмитливи“ до профитери – ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција изјави дека лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и неговата партија се демаскирани и дека од „наводно неподмитливи“ станале „профитери“. „Апасиев и Левица, кои се претставуваа како скромни, неподмитливи и народни, денес се демаскирани. Од левичарска и работничка партија, Левица стана елитистичка партија со која Апасиев гази врз сопствените членови“, …

Continue Reading

ЗНАМ: Децата во градинките во Центар без заштита, случајот во „13 Ноември“ аларм за сите институции

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија денеска обвини дека децата во градинките во Општина Центар се оставени без соодветна грижа и заштита, а случајот во градинката „13 Ноември“ е „вистинска закана по нивниот живот и здравје“. Портпаролот на движењето, Никола Мемов, на прес-конференција истакна дека деца во дворот на градинката пронашле употребен наркомански шприц, кој го држеле во рацете, ја …

Continue Reading

(Видео) „Нема учебници за учениците“, СДСМ бара оставка од Јаневска

„Помина половина месец од почеток на учебната година, а учебници нема за илјадници ученици. Ова е најдобар доказ за целосната неспособност на министерката Весна Јаневска“, вели Јованче Манасков од СДСМ. „Иако, самата Јаневска тврдеше дека на 1 септември ќе има учебници за сите ученици, дека нема да има парталави учебници, дека тие ќе бидат заменети со нови, реалноста денеска е …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за трагедијата во Кочани – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку дистрибуција на фотомонтажи и лажни обвинувања кон претседателот на Владата и други функционери. „Овие содржини беа објавени на интернет страницата ubijcitenakocani.com. Според јавниот WHOIS-извештај објавен на whois-страницата, доменот е регистриран вчера, на 16.9.2025. Од WHOIS-записот не се гледаат јавни детали …

Continue Reading

„Влен“: ДУИ за власт, подготвена да ја продаде Струга на Левица, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот договор што е постигнат помеѓу посредникот на Ахмети, Кренар Љога, и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вклучувајќи ја и неговата генерална секретарка, Јована Мојсовска, не е ништо повеќе од тешко предавство на стружани“, велат од „Влен“. „Сценариото е јасно: Мојсовска …

Continue Reading

Работна средба на Јавното обвинителство и ДКСК во пресрет на Локалните избори 2025

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, претседателот на Комисијата во Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами и јавните обвинители во ЈОРСМ Анита Тополова Исајловска и Елвин Вели денеска остварија средба со претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата предводени од В.Д. претседателката на тоа телот Цвета Ристовска, а во насока на координација на …

Continue Reading

Потребно ли е Ромите да се иселат од Вардариште? – Шукова и Ангелов со спротивставени мислења

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска реагираше на изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, според кого ромските семејства кои живеат во дивата населба во Вардариште треба да бидат дислоцирани, ако е потребно и силум. „Изјавата на Ангелов е тешка и опасна навреда што го открива вистинското лице на оваа власт“, изјави …

Continue Reading

Да се лоцираат и отстранат сите диви депонии, им препорача Меџити на општините

На барање на министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити до општините е испратена препорака за спроведување детаљни контроли и идентификација на сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и изготвување планови за нивно систематско отстранување. Министерството соопшти дека од општините очекува мерки за унапредување на управувањето со отпад и заштита на животната средина, а од …

Continue Reading

Јас не сум од вчера во политиката, Левицата фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во овие општини, во кои е јасно дека нема да победат. Вака премиерот Христијан Мицкоски денес го објасни од каде му е ставот дека има коалиција меѓу партијата Левица и ДУИ. „Јас не сум од вчера во политиката. Потегот на партијата …

Continue Reading