Да се извини Филипче и СДС што го лажеa народот дека “Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави „уставните измени не се единствениот услов, тогаш допрва почнува процесот”. Оваа негова изјава значи врел шамар за СДС, Венко Филипче и целата надворешна политика на оваа партија која се заосноваше на тезата дека уставните измени се единствениот услов кој треба да се исполни, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Уставните измени се единствен услов за …

Continue Reading

„Таравари не може да бега од одговорност за затворената кардиохирургија која е стратешки интерес на државата“, велат од партијата Левица

„Министерот Таравари продолжува да ја крие сопствената одговорност позади некаква стручна комисија, која треба да утврди дали имало пропусти од здравствените работници за случајот со починатиот пациент на Клиниката за кардиохирургија. Јавноста мора да знае дека затворање на единствената сала на Кардиохиругија, во услови кога очигледно пациентите нема каде да се пренасочат – претставува колапс на здравствениот систем по директива …

Continue Reading

Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор без доволно докази, прашуваат од ДУИ, по трагедијата во Кочани

Демократската Унија за Интеграција со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот, под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта, инфрормираат од оваа партија. „Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од …

Continue Reading

Таравари тајно преговарал со Ахмети, Меџити вели дека не го исклучиле од коалицијата туку тој се самоисклучил

Не е веќе тајна бидејќи коалицијата „Вреди“ одамна забележа дека постојат преговори меѓу Таравари и Ахмети со вмешаност на одредени личности од олигархијата, истакна на прес-конференција Изет Меџити од „Вреди“, по завршувањето на состанокот во коалицијата. Преговорите како што рече Меџити, се воделе веќе неколку месеци. „Јасно е дека преговорите имале за цел разединување на коалицијата „Вреди“ и враќање од …

Continue Reading

Муцунски: Посетата на ОАЕ носи конкретни бенефити за граѓаните

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја продолжува работната посета на Обединетите Арапски Емирати, како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во текот на денешниот ден, беа остварени повеќе средби со претставници на стопанските комори, инвестициски фондови, како и со поединечни претставници на големи корпорации кои изразија интерес за потенцијални инвестиции во …

Continue Reading

Николоски од Абу Даби: Ја разгледуваме потенцијалната соработка за инвестиции во Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја предводи македонската делегација состaвена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, Игор Јанушев, генерален секретар на Владата и Гоце Димовски, директор на Дирекцијата на ТИРЗ, која денеска во Абу Даби оствари средба со Валид Ал Мокараб Ал Мухари – заменик извршен директор на “Мубадала’ инвестициска компанија од Обединетите Арапски …

Continue Reading

Пензионери и студенти би можеле да бидат работно ангажирани со новиот закон, образложи Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на јавна расправа која се одржа во Собранието го образложи Законот за работно ангажирање на лица. Тој рече дека Министерството за економија и труд активно работи на мерки за намалување на сивата економија и обезбедување на социјална заштита за работниците, а во таа насока е и предлог Законот за работно ангажирање на …

Continue Reading

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

Последните објавени информации дека се приведени поранешни полициски службеници од кои 5 лица се веќе и пензионирани е уште еден доказ за селективноста на истрагата за Кочани, велат од СДСМ. „Наместо правда, јавноста сведочи дека под палката на Тошковски, истрагата за најголемата трагедија во Македонија станува срамна и недозволива фарса. Како е можно после 30 дена од трагедијата да се …

Continue Reading

ДУИ: Незаконските притвори за трагедијата во Кочани се срам за правосудниот систем

Незаконските притвори за трагедијата во Кочани се срам за правосудниот систем и уште еден доказ за селективната правда која станува алатка на политичка пресметка, велат од ДУИ. „Станува збор за лица кои, според сите стручни и академски мислења, немаат никаква врска со трагедијата, но сепак се држат во притвор – додека вистинските одговорни, заштитени од владејачката структура, остануваат недопирливи. Со …

Continue Reading