Мециновиќ: Не планирам да водам деструктивна политика, ќе соработувам со сите советнички групи

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, на првата прес-конференција по почетокот на вториот изборен круг обвини дека Левица е неправедно исклучена од медиумскиот простор, откако АВМУ не ѝ дозволи политичко рекламирање. Според него, со тоа, нанесен е удар врз демократијата, но најавува позитивна и проактивна кампања, иако, како што рече, условите не се рамноправни. „Јас не сум најпаметен, …

Continue Reading

Меџити: Градежните активности во Стар Чаир се доказ за почетокот на нова ера на развој

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од редовите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, ја продолжува работата на терен. Меџити истакна дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет и дека секој сегмент од изградбата на улиците се реализира според највисоките стандарди на квалитет и современа инфраструктура. „Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во …

Continue Reading

Ѓорѓиевски и Мециновиќ ќе се соочат на дебата

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја прифати поканата за телевизиска дебата со својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица, која ќе се одржи на Канал 5 телевизија. „Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје“, изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека транспарентноста и почитта …

Continue Reading

Министерството за здравство: Немаме долг кон „Комунална хигиена“

Министерството за здравство соопшти дека, како правен субјект, нема никаква обврска или долг кон ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, демантирајќи ги тврдењата за наводен неплатен долг од 5 милиони евра. „Тврдењата се неточни и имаат цел да му наштетат на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски“, се наведува во реакцијата. Од Министерството апелираат до јавноста …

Continue Reading

Арсовска: Мицковски несреќо, на кого се закануваш, за ѓубрето низ Скопје се одговорни твоите градоначалници

„Мицковски несреќо, на кого се закануваш, објави на социјалните мрежи градоначалничката na град Скопје во заминување, Данела Арсовска, откако Владата на седница донела заклучоци со кои се задолжуваат МВР и останатите надлежни институции веднаш да извршат вонреден надзор врз работењето на Град Скопје и ЈП Комунална хигиена за отпадот во градот. „Те велича Орце Самка Ѓорѓиевски дека си господ и …

Continue Reading

Николоски, Кочоска Димитриеска и Муцунски во Лондон: Македонија е на пат да реализира инфраструкутрни проекти во делот на железничкиот, патниот транспорт и здравството

Стабилни економски и политички односи, високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија и силен партнер во релизацијата на стартешките цели на земјата. Ова беше констатирано на средбата помеѓу потпретседателот на Владата и минстер за транспорт Александар Николоски и државниот министер во Одделот за бизнис и трговија во Владата на Обединетето Кралство, Сер Крис Брајан, која денеска се …

Continue Reading

(Видео) Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од апсолутен победник на овие избори, освоивме 550 советнички места, и има најмногу советници во 59 општински совети и Советот на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ покрај огромниот успех на избрани 33 градоначалници уште во првиот круг, има огромен успех на советничките листи со 550 избрани советници во советите на општините и градот Скопје, истакна на прес-конференција Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.  „550 советнички места за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 232 за СДС, 153 за ДУИ, 66 за Левица се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од апсолутен …

Continue Reading

Герасимовски: Повторно го чистиме сметот на градот, барам да се прогласи вонредна состојба

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека пет дена ЈП „Комунална хигиена“ воопшто не се појавува на улиците во Центар за да го подигне сметот од улиците кадешто има надлежност. Тој, потенцираше дека утрово испратил допис до ЗЕЛС за итна седница кадешто ќе се побара решение за овој проблем. „Ова ги надминува сите граници. Изминатите пет дена комуналното претпријатие …

Continue Reading

ВМРО-Народна за изборите: Коректна и фер атмосфера

ВМРО-Народна партија им честита на сите политички партии за покажаниот демократски капацитет при реализацијата на предизборната кампања како и првиот изборен круг кој помина, како што оценуваат од оваа партија, во претежно коректна и фер атмосфера. „ВМРО-Народна партија како активен учесник со свои кандидати покрај коалицијата со СДСМ, настапи и со свои листи во три општини и тоа: во општина …

Continue Reading