(Видео) Филипче од Штип: Зад кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж

Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од средба со граѓаните во Штип. „Вчера го потпишале договорот, а веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки – сè е тоа една голема лага!“, истакна Филипче. И во Штип, Филипче повтори дека долгот …

Continue Reading

Зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто ексминистерот за здравство и актуелен претседател на опозициската партија, Венко Филипче е изземен од случајот Онкологија. Партијата оценува дека Венко Филипче бил убедливо најлошиот министер за здравство во Македонија, а неговиот мандат, поврзан со скандали и злоупотреби. „Самиот Филипче е …

Continue Reading

Мицкоски: На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј

На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, нивната благородна мисија обединува и денес, порача премиерот Христијан Мицкоски во честитката по повод празнувањето на 24. мај. „Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да ви го честитам 24 Мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Чествување …

Continue Reading

Вицепремиерот Фетаи за одлуката на пратеничката Мимоза Муса: Tи остана цврста во своите убедувања, лојална на дадениот завет

Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на коалицијата ВЛЕН, оценувајќи ја како храбар чин со висок политички интегритет. Во објава на Фејсбук, тој напиша: „Почит и благодарност за твојот непоколеблив став, драга Мимоза. Во едно предизвикувачко политичко време, кога многумина избираат молк или компромис, ти остана цврста во …

Continue Reading

Мицкоски: Владата ќе продолжи со поддршка на влашкиот јазик, културните манифестации и книжевноста

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски се обрати на настанот 23 Мај, Национален ден на Власите, во Македонски народен театар. „Денес, стојам овде пред вас со длабока почит, одговорност и чувство на благодарност. Благодарност кон една заедница која со векови е дел од срцето на оваа земја, која со својата истрајност, трудољубивост и љубов кон татковината оставила неизбришлива …

Continue Reading

Мицкоски: Прифативме билатерална средба со Бугарија на маргините на НАТО, со присуство на претставници од ЕУ и САД

Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на високи претставници од ЕУ, НАТО и САД. Темата за билатералната средба со Бугарија била отворена уште за време на посетата на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта. Доколку се случи, покрај македонската претседателка Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател Радев, би присуствувале и …

Continue Reading

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас имале отворен разговор за македонските евроинтеграции, откри премиерот на заедничката прес-конференција. Патот, вели Мицкоски, не беше ни лесен, ни краток, ниту секогаш праведен, поплочен со многу предизвици, компромиси и предолго чекање. „Ние припаѓаме во ЕУ, не затоа што некој ни го должи тоа, туку затоа што …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Дали Филипче е изземен од случајот Онкологија, каде што се остварила добивка преку измама во висина од 2,2 милијарди денари

Нов ден, старо нов скандал, а сето ова додека Филипче бил министер за здравство, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, во периодот од 2018-2022, кога Венко Филипче бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра. „Вчерашната одлука на ОЈО, за завршување …

Continue Reading

(Видео) Мургашанска: Куманово чека правда за скандалите на Максим Димитриевски и шемите со профити од 350.000 евра

Правдата никако да стигне до нашиот град, Куманово. Тоа мора да се промени. Скандалите поврзани со работата на градоначалникот од ЗНАМ, Максим Димитриевски никако да добијат институционална разрешница, вели Атина Мургашанска, советничка од редовите на СДСМ, во Советот на општина Куманово. Станува збор, како што вели, за основани сомнежи кои мора до крај да бидат расчистени, сомнежи за судир на …

Continue Reading