ГРОМ бара обештетување на настраданите во Кочани и оставка од Мицкоски

Сведоци сме дека состојбата во Кочани полека но сигурно ескалира. Оправданиот револт на потесните и пошироките семејства на починатите и повредените е повеќе од оправдан. Големата болка на родителите се искажува преку тешки зборови упатени до претставниците на власта и уште потешки квалификации на апологетите на актуелната владејачка гарнитура, велат од ГРОМ. Според партијата, Владата не се снашла најсоодветно со трагедијата …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: На управителот на бугарски фирми, во слободно време претседател на СДС, Венко Филипче во прв план му е бизнисот во Бугарија

Управителот на бугарски фирми во слободно време претседател на СДС Филипче и ден денес, една година откако е лидер на опозицијата сè уште е управител на бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост. Венко Филипче оваа фирма во Бугарија ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр.12, адреса која ја …

Continue Reading

(Видео) Kузеска: Нема правда за Кочани, власта ги штити своите

Односот на власта кон трагенцијата во Кочани ја покажува самиот премиер Мицкоски кој ги етикетира оние луѓе коишто бараат правда односно најблиските од семејствата на загинатите млади луѓе во дискотеката Пулс, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Нема правда за Кочани, власта не е испорачува никаква правда туку заштита за своите. Тоа го видовме. Дел од заштитените кои биле началници …

Continue Reading

По 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември, најави Мицкоски

Премиерот, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за најавата на Владата за помош на студентите за набавка на електронски уреди, изјави: „250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е …

Continue Reading

Тошковски најави поголема набавка на униформи за полицијата од онаа за специјалците: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот

На нов тендер Министерството за внатрешни работи ќе бара униформи за 6.000 полицајци, најави денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. За него не е спорно што мало модно студио и тукушто отворена фирма треба да испорачаат униформи за специјалната полиција за 3,8 милиони евра и вели дека набавката била спорна за јавноста не оти е незаконска туку поради што …

Continue Reading

Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување

По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголемува и платата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Синдикалните претставници коментирајќи ја ваквата одлука реагираат дека секој заслужува зголемување на плата но работниците заслужуваат повеќе од функционерите. „Верувале или не, платите растат, само не на работниците“, реагира претседателот на ССМ …

Continue Reading

Во „Пониква“ не можеш ниту на одмор да одиш, а не пак да третираш сериозни медицински состојби: Филипче од Кочани со критики до власта

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од Кочани, со критики до актуелната власт за како што рече, неспособноста да се справи со последиците од трагедиите, за немањето одговорност и за бруталниот однос кон граѓаните кои бараат правда и достоинство. „Бевме внимателни, бевме емпатични кон луѓето. Комунициравме нејавно, со цел да не нѐ обвинат за политизација. Им се наоѓавме, прашувавме што и …

Continue Reading

Власта системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера, велат од ДУИ

Уставниот суд е во завршна фаза на подготовки за укинување на Законот за употреба на јазиците, истакнуваат од ДУИ. Од оваа партија како што велат изразуваат загриженост кон последните трендови со кои Власта, преку серија институционални чекори, системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера. Паралелно, според ДУИ, Инспекторатот за примена на законот е фактички блокиран, одземена му е автономијата, …

Continue Reading

Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите, велат од СДСМ

Македонија повторно се соочува со огромен раст на цените и инфлацијата, а Владата реши да ги покачи платите на функционерите. За работниците и граѓаните, повторно нема ништо. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, годишната инфлација во мај 2025 изнесува 3,3%, што е скок во споредба со април, кога беше 2,6%. Дополнително, месечната инфлација од 1,5% е највисока оваа …

Continue Reading