ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што СДС признава дека економијата заживува, БДП расте и инфлацијата, која во нивно време беше двоцифрена, се намалува

Добро е СДС уште еднаш призна дека по економскиот пустош кои тие го оставиле, македонската економија бележи раст. По слободниот пад на економијата кои тие го оставија, за нецела година власт на ВМРО-ДПМНЕ, се вратија позитивните трендови на раст на БДП, реагираат од владејачката партија на прес-конференцијата на Кристина Костова потпретседателка на СДСМ. Додаваат дека трето тримесечје по ред, Македонија …

Continue Reading

(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат инфлација од 3,3%, вели Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ. Овие бројки, според неа, не се само статистика, тие се, како што вели, реалноста во секој македонски дом, во секое македонско семејство. „Сѐ е поскапено. …

Continue Reading

ДУИ: Во Агенцијата за храна и ветеринарство од вкупно 21 вработени нема ниту еден Албанец

Демократската Унија за Интеграција изразува длабока загриженост и остро го осудува систематското и намерно исклучување на Албанците од државните институции во Република Северна Македонија. Според партијата на Ахмети, овој дискриминаторен феномен добива алармантни размери и претставува сериозно кршење на принципите на еднаквост и правична застапеност. Како што појаснуваат, најновиот случај што јасно ја илустрира оваа загрижувачка реалност е Агенцијата за …

Continue Reading

„Додека Филипче е спотер на Заев и му го чува претседателското столче во СДС, главен фокус му е бизнисот во Бугарија и фирмите на иста адреса со кланот Заеви“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека Македонија беше во здравствена и енергетска криза Венко Филипче како тогашен министер за здравство освен што имаше низа скандали како тие со набавката и провизиите за кинеските вакцини, Филипче си градел и луксузна хациенда на три ката на Водно, вредна еден милион евра и си отворал фирми во Бугарија“, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Додека Филипче е спотер на Заев и му …

Continue Reading

Филипче од Атина: За работниците направивме најмногу, мора да знаат дека со социјалдемократијата нивните права и стандард ќе растат

За работниците направивме најмногу, мора да знаат дека со социјалдемократијата нивните права и стандард ќе растат. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на панел-дискусијата „Прогресивен одговор на кризата на демократијата“, во рамките на втората Меѓународна конференција за демократија и социјална правда, организирана од Институтот „Алексис Ципрас“ во Атина. На панелот, на кој учествуваа професори од неколку светски универзитети …

Continue Reading

AA: Прво да се донесе Законот за соодветна и правична застапеност, а потоа да се испрати до Венецијанската комисија

„Алијансата за Албанците со загриженост го следи долготрајниот процес за изготвување и усвојување на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции. Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, дека законот прво ќе помине низ Владата, а потоа ќе биде испратен на мислење до Венецијанската комисија, пред да се изгласа во Собранието, предизвикува длабока загриженост за намерните одложувања и …

Continue Reading

Сергеј Попов ги матираше СДММ, извади документ од кој се гледа како лажат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се е пријавено дечки, затоа вчера ви рековме два пати да размислите пред да излезете на прес. Ама толку слушате, затоа сте младина сведена на статистичка грешка“, напиша Сергеј Попов, претседател на УМС и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи. „Штета, паметам времиња кога СДММ беше подмладок за почит“, додаде тој.

Continue Reading

(Видео) „УМС фатени во лага – законот за пиротехника е прекрешен, а Тошковски молчи“, велат од СДММ

„Откако ја предизвикаа згрозеноста кај младите со срамната журка со пиротехника додека Македонија тагува за изгубените млади животи во Кочани, од УМС се обидоа да се оправдаат со тврдење дека не било потребно да го пријават палењето факли. Но, се фатија во лага. Сами се дозакопаа“, кажа Виктор Ѓошев од СДММ. „Законот е јасен. Согласно член 39 од Законот за …

Continue Reading

Мицкоски: Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради

Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Тој истакна дека затекнале проект којшто 7 години не бил поместен од место. „Како Влада затекнавме еден проект којшто седум години не беше поместен од место и кога беше извршена некаква евалуација тогаш заемодавателите одлучија да го прекинат поради тоа што претходната влада на СДСМ и …

Continue Reading