„Почнавме да го корнеме злото кое го насади ДУИ, ја отвораме најрешителната офанзива против коцкарските картели“, велат од „Влен“

„Со усвојување на Предлог-законот за игрите на среќа од страна на Владата, ја отвораме најрешителната офанзива против коцкарските картели која со години ја претвораше сиромаштијата на Албанците во своја валута. Го наследивме општеството во кое секој агол, од селските улици до центарот на градовите беше обележан со светкави излози на казина и обложувалници. Над 7 000 VLT-апарати безмилосно им ги …

Continue Reading

Започна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100 000 домаќинства, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата, инвестицијата која беше најавена уште вториот ден од изборот на Владата го постави камен темелникот. Со поставување на камен темелник започна изградбата на ветерниот парк во близина на Штип со инвестиција од 500 милиони долари на „Алказар енерџи“ ќе се изградат 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 000 домаќинства“, велат од …

Continue Reading

Реакција на СДСМ: Мицкоски манипулира, ГРЕКО констатира дека речиси ништо не е спроведено

„Скандалозна и манипулативна е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Владата наводно добила „петка“ за борбата против криминалот и корупцијата. Мицкоски уште еднаш се обидува да ја изврти вистината и да ја лаже јавноста: реалноста е дека ГРЕКО, како дел од Советот на Европа, во последниот извештај јасно констатира дека Владата речиси ништо не спровела од препораките за борба со …

Continue Reading

Средба Мисајловски – лорд Коукер: Не поврзуваат заеднички вредности и цели – мирен и безбеден регион и силна Алијанса

Денешната работна посета на министерот за одбрана Владо Мисајловски на Обединетото Кралство беше заокружена со средбата со лорд Вернон Коукер, државен министер (министер за домот на лордовите) во Министерството за одбрана на Обединетото Кралство. Министерот Мисајловски и лордот Коукер разменија мислења за развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји, како и безбедносната состојба во регионот, Европа и светот при …

Continue Reading

Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство – фокус на економската соработка, инвестициите и инфраструктурните проекти

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска престојува во работна посета на Лондон. Во рамки на посетата, заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, оствари средба со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија на Обединетото Кралство, Гарет Томас. На средбата се разговараше за потенцијалите за …

Continue Reading

„Скандалозно, според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот“, велат од СДСМ

„Скандалозна е изјавата на министерот Панче Тошковски дека дивоградбите кои се повеќе од 150 во Чаир ќе се урвале „ако се опасни по живот“. Што сака да каже Тошковски, дека дивоградбите кои неговите институции ќе ги утврдат како неопасни по живот може слободно да продолжат да се градат“, прашува СДСМ. „Откако со месеци не постапуваше при чист и очигледен криминал …

Continue Reading

Средба Мисајловски – Пирс во Лондон: македонско-британската соработка во одбрана на највисоко ниво, придонесот кон регионалната безбедност прв приоритет

Македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски кој е во работна посета на Обединетото Кралство, утрово се сретна со специјалната претставничка за Западен Балкан, дама Карен Пирс со која разговараше за стабилноста и безбедноста на регионот, геополитичките предизвици и развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји. „Обединетото Кралство го сметаме за еден од најсилните и најважните сојузници во Алијансата. Нашата …

Continue Reading

Меџити не исклучува можност да биде кандидат за градоначалник на Чаир: Сè е на маса

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, не ја исклучува можноста да му биде противкандидат на Бујар Османи за градоначалник на Чаир на претстојните локални избори. Откога Османи јавно кажа дека размислува за кандидатура, Меџити одговарајќи на новинарски прашања попладнево во Владата, рече дека засега не е исклучена можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Чаир. „Сега-засега …

Continue Reading

Тошковски и Саити потпишаа меморандум за соработка: во фокусот превенцијата и одговорот при кризни и вонредни состојби

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити денеска потпишаа меморандум за соработка помеѓу МВР и Црвениот крст. Меморандумот претставува основа за понатамошна институционална соработка во областа на хуманитарното делување, превенцијата и одговорот при кризни и вонредни состојби, заеднички активности во полето на безбедноста, едукацијата, обуките, како и унапредување на волонтерството и …

Continue Reading