(Видео) Марков: Ваучери од 250 евра за 55 илјади студенти за електронски уреди
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, денеска најави дека 55 илјади студенти ќе добијат ваучери од 250 евра (15.300 денари) за набавка на лаптоп или таблет. Средствата, во вкупен износ од 850 милиони денари, ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Марков изјави дека целта е да се намали дигиталната нееднаквост и да се инвестира во образованието. Ваучерите ќе бидат наменети за …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Додека Арсовска мисли дека се занимава со висока политика и слугува на ДУИ и СДС, половина Скопје нема вода
Додека Данела Арсовска мисли дека се занимава со висока политика и слугува на ДУИ и СДС половина Скопје нема вода. Додека Арсовска не може да стане од скутот на ДУИ и СДС, ЈП Водовод праќа соопштенија дека граѓаните треба да пијат помалку вода, затоа што е лето и најверојатно сите пијат повеќе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Жално е, додаваат од оваа …
Continue Reading
Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните, рече Тошковски
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот за организиран криминал е општината Чаир. Рече дека полициските службеници влегле и во Сарај и Аеродром, а ќе се прегледува работата и во Општина Кисела Вода. „Сакам да напоменам дека ова се секојдневни активности на МВР. Не е дека јавноста …
Continue Reading
Тошковски: Арсовска одбива да соработува, полициските службеници не можат да обезбедат изјава
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека градоначалничката, Данела Арсовска, одбива да соработува со полициските службеници од Одделот за внатрешна контрола кои неколку дена се во објектот на Град Скопје и не успеваат да обезбедат писмена пријава и изјава, поврзна со последните дејствија во петокот и нејзиното обвинување дека полициските службеници не постапувале. „Факт е дека полициските службеници од Одделот за …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Секој студент до 29 години ќе добие ваучер од 250 евра за набавка на таблет, компјутер или лаптоп
Наместо декларативни изјави како во минатото СДС и ДУИ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата, нуди решенија и покажува вистинска грижа за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Секој студент, со навршени 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало. Сите редовни и вонредни студенти на додипломски студии запишани на државни или приватни факултети …
Continue Reading
„Влен“: За еден ден, оваа влада направи повеќе за Албанците отколку ДУИ за цел еден мандат
Во еден единствен ден, вчера Владата во која „Влен“ е рамноправен партнер донесе повеќе одлуки од суштинска корист и значење за Албанците во државата отколку што која било влада на ДУИ успеала да донесе во цел еден мандат, велат од „Влен“. Во партиското соопштение се наведува дека овие резултати се доказ дека кога Албанците се вистински застапени на масата за …
Continue Reading
Министерот Мисајловски во официјална посета на Обединетото Кралство
Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со делегација од Министерството утре ќе престојува во официјална посета на Обединетото Кралство, сојузник со кој имаме силна одбранбена соработка. За време на посетата, во Министерството за одбрана Мисајловски ќе оствари официјална средба со државниот министер, лорд Вернон Коукер, а ќе оствари средба и со специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западниот Балкан, дама …
Continue Reading
Перински: Македонија и Унгарија ја продлабочуваат соработката во два клучни сегменти, регионален развој и локална самоуправа
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за јавна администрација и регионален развој на Унгарија, Тибор Наврачич денеска оствари официјална посета на Будимпешта. Целта на билатералната средба е продлабочување на соработката меѓу двете земји и воспоставување цврсти темели за пренос на искуства и знаења во областите на регионален развој и локалната самоуправа, вклучувајќи ја и размената на …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: За СДС училишните клупи беа место за партиска пропаганда
Кога станува збор за партизација на институциите, СДС прво нека се погледне себеси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Партиските функционери на СДС организираа партиски настани во основни училишта. СДС ги претвори училишните клупи во место за партиска пропаганда. Наследството во образованието што го оставија СДС и ДУИ беше катастрофално, образованието беше во длабок минус, учениците беа оставени без учебници, наставниот и стручниот …
Continue Reading