Меџити: Обезбедивме 2,5 милијарди денари за чиста вода, здрава средина и безбедна инфраструктура во општините

Денеска беа потпишани договори со кои на 51 општинa ќе им бидат распределени околу 2,5 милијарди денари за реализација на 143 инфраструктурни проекти во областа на водоснабдување, канализација, атмосферска заштита и регулација на речни корита. „Ова се инвестиции во достоинството на граѓаните и одговорноста кон природата. За првпат инвестираме на толку широк фронт, во сите делови на државата. Граѓаните мора …

Continue Reading

Левица поднесе Предлог-закон за заштита на името ВМРО, Мицевски вели дека е нарачано од круговите што работат против идентитетот

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието официјално поднела нов Предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО. „Конечно, дојде Денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разно-разни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го злоупотребуваат ова име за лично богатење. ‘ПослушајтеПатриоти’” – …

Continue Reading

Минчев: Само со силна и професионална администрација можеме да ги исполниме европските стандарди

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на сесијата на Работната група 6 – „Антикорупција“ во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија. Настанот беше посветен на темата „Административни капацитети за унапредување на вредноста за потрошени јавни средства“, при што беа разгледани европските искуства за ефикасно управување со јавните ресурси. Во своето обраќање, министерот Минчев потенцираше …

Continue Reading

(Видео) „Наместо реновирање, ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом „Кузман Ј. Питу“ под клуч“, велат од СДММ

„И оваа академска година започнува со разочарување за илјадници студенти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и министерката за образование Весна Јаневска, повторно ја покажува својата неспособност да се грижат за образованието, за студентите“, вели Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ. „Конкурсот за прием на студенти во студентските домови се објави, но не за сите студенски домови. „Кузман Јосифовски – Питу“ останува затворен, и …

Continue Reading

(Видео) „СДС се очајни, немаат кандидат за Скопје, по цел ден молат луѓе да се кандидираат“, вели Манасиевски

„СДС се очајни, немаат кандидат за Град Скопје, по цел ден молат луѓе да се кандидираат. Во СДС владее вистинска паника затоа што немаат кандидат за градоначалник на градот Скопје, а немаат затоа што кој и да биде ќе изгуби уште во првиот круг“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Во СДС знаат дека поразот во октомври ќе …

Continue Reading

(Видео) „Тошковски сака да ја партизира полицијата, го понижува знаењето и отвора врати за масовно вработување на партиски послушници“, кажа Кузеска

„Денеска сме тука да предупредиме за опасниот и штетен обид на Панче Тошковски и Владата да ја партизираат и уништат полицијата како професионална служба. Со предложените измени на Законот за полиција, Тошковски директно удира врз кариерниот систем, го понижува знаењето и искуството и отвора вратите за масовно вработување на партиски војници и послушници на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Богданка Кузеска, портпаролка на …

Continue Reading

Муртезани денеска во Брисел: Проширувањето мора да остане доследен процес заснован на вредности

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска во Брисел учествуваше на Форумот на високо ниво за проширување, насловен „Градење инклузивна иднина во проширена ЕУ: Улогата на социјалниот дијалог, граѓанското општество и вклученоста на младите“, во организација на Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК). На тркалезната маса учествуваа претседателот на ЕЕСК, Оливер Ропке, министерката за европски прашања на Црна Гора, Мајда Горчевиќ и …

Continue Reading

„За година ипол ги зголемија казината и обложувалниците, а сега, со закон, Влен и официјално стана кум на коцката“, велат од ДУИ

„И големата лага дека ќе ги затворат казината и обложувалниците излезе на површина. За година ипол ги зголемија казината и обложувалниците, а сега, со закон, ВЛЕН и официјално стана кум на коцката“, велат од ДУИ. „Измамниците од ВЛЕН со години трубеа дека ќе ги затворат казината и обложувалниците заедно со онлајн коцкањето, за на крај да завршат токму таму каде …

Continue Reading

„Очигледно е дека никој не сака да прифати да биде кандидат на СДС за Скопје“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче јавно призна дека СДС нема кандидат за градоначалник на Скопје. СДС е во сериозна криза, а Филипче се соочува со сериозни проблеми во обидот да најде кандидат за градоначалник на Скопје. Филипче бледо се обидува да прикрие дека се уште нема кандидат за Скопје, па калкулира со имиња како архитектот Ралев и поранешната министерска Каја Шукова“, велат од …

Continue Reading