(Видео) „Треба ли да станеме јужноамериканско гето за Тошковски да поднесе оставка“, прашува Кузеска
„Се случува вистински хорор со безбедносната состојба. Бараме итно расчистување на случајот, но очигледно е дека Тошковски целосно ја изгуби контролата над безбедносната состојба во државата. Ова што се случува веќе е крајно загрижувачки, сведоци сме на секојдневно пукање, палење возила, напади на службени лица“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Криминалот и бандите се чувствуваат заштитено и безбедно со …
Continue Reading
Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот
Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за отпочнувањето на преговорите со ЕУ, се само Бугарите во Уставот, македонската страна предлага да биде поднесена заедничка Резолуција во ЕП со којашто ќе се потврди самобитноста на македонскиот идентитет и јазик. Понудата ја дал премиерот, Христијан Мицкоски, до бугарскиот претседател Румен Радев и до нивната влада. Пратеникот Антонијо Милошоски, говорејќи на …
Continue Reading
„Ова што и се случува на Македонија е резултат на домашните предавници кои исполнуваат туѓи агенди, меѓу кои и Жерновски“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Се здружија сите домашни предавници, штом Бугарија доживеа тежок пораз во АФЕТ! Од плакарот на тајните служби прво го извадија Апасиев. Не им успеа! Па следуваше новата наредба од темните ходници во Софија: Жерновски да биде полигонот преку кој ќе ја започнат новата тура на лаги против премиерот и Македонија“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Андреј Жерновски. „Жерновски, внукот …
Continue Reading
(Видео) Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните
Конструктивниот предлог и притисокот на Либерално-демократската партија вроди со плод, велат од партијата. Потпретседателот на ЛДП, Валентин Груевски во изјава за медиумите посочи дека Гувернерот на Народната банка ја слушна и ја поддржа иницијативата на ЛДП за намалување на банкарските провизии и донесе одлука за намалување на трошоците на банките кон НБРМ. Сега на ред се банките да го следат …
Continue Reading
Судски реформи, транспарентност и независност: британска поддршка за јакнење на обвинителството во Македонија
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители вчера одржаа работен состанок со тим од Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан и британската Амбасада во Скопје, предводени од Ник Хокинс, тим лидер и поранешен Крунски јавен обвинител на Обединетото Кралство и експертот Калум Кокс, долгогодишен адвокат, судија и јавен обвинител во Велика Британија. На состанокот беа разгледани …
Continue Reading
„Лажни тврдења и политички инсинуации“, вели Тошковски откако опозицијата оцени дека сака да ја партизира полицијата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил ги демантираше тврдењата на опозицијата во врска со предложените измени на Законот за полиција, оценувајќи ги како тенденциозни и правно неосновани. „Во врска со лажните тврдења и политички инсинуации што денеска ги пласираше опозицијата околу предложените измени на Законот за полиција, сакам јавно и децидно да укажам дека станува збор …
Continue Reading
Студентскиот дом “Кузман Јосифовски Питу” не е “под клуч” туку се реновира, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Студентскиот дом “Кузман Јосифовски Питу” не е “под клуч” туку се реновира, нешто што 7 години беше научна фантастика. Најгласни се оние кои не успеаја да заковаат ниту една шајка во домовите. Дури четири претходни министри од времето на СДС не реконструираа ниту еден прозор во домовите, а сега им пречи што двата дома нема да бидат готови до октомври, …
Continue Reading
СДС и ДУИ ја претворија М-НАВ во партиска филијала за семејни вработувања, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС и ДУИ ја претворија М-НАВ во партиска филијала, напикаа роднини, деца, внуци и коалициски партнери за плати неколкупати поголеми од просечните. За време на СДС и ДУИ само што не настана огромен безбедносен проблем, откако контролорите за летање беа тепани од активисти на ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, СДС и ДУИ скандалозно вработуваа роднини, деца, зетовци, братучеди …
Continue Reading
Муцунски ja потпиша декларацијата за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во британскиот Форин офис, во рамки на неколкудневната работна посета на Обединетото Кралство, оствари средба со неговиот домаќин – државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами. Во рамки на оваа средба од историско значење, која отвора ново поглавје …
Continue Reading