„Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува“, велат од СДСМ

„Додека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството. Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин. Власта ги намалува парите за здравјето на …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Започнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила во македонското здравство

Премиерот Христијан Мицкоски извести преку социјалните мрежи дека започнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила во македонското здравство. „Од денес достапни за граѓаните“, порача Мицкоски.

Continue Reading

(Видео) Левица: Аеродром заслужува чиста општина, а не чиста пропаганда

„Додека ПР тимот на ДПМНЕ објавува фотографии и приказни за чист и уреден Аеродром, реалноста на терен е сосема поинаква. Дивата депонија кај последна 5-ка ја руши сликата која градоначалникот Митески се обидува да ѝ ја наметне на јавноста“, велат од Левица Аеродром. „Дополнително загрижува фактот што во буџетот на Општина Аеродром за 2026 година нема предвидено средства за чистење …

Continue Reading

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп. Андреевски, кој потекнува од Велес, а повеќе од една деценија живее и работи во САД, беше меѓу гостите на вечерата одржана …

Continue Reading

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е многу, многу постабилна, а секое трето дете живее во сиромаштија

Владата на Мицкоски се фали со економска стабилност и раст на БДП од над 3,5%, со раст на извозот од 11,5% и увозот од 8,5%. Но, додека Владата зборува за проценти, 22% од граѓаните живеат под прагот на сиромаштија, а речиси секое трето дете живее во сиромаштија. Дури 38% од децата живеат во услови ризични за нивното здравје, учење, безбедност …

Continue Reading

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај

Предлогот на Министерот за правда е скандалозен. Наместо да бара доследна примена на законот и почитување на Уставот, тој им порачува на студентите: „Ајде да се договориме да го прекршиме Законот за употреба на јазиците, да го прекршиме Уставот и испитот да го полагаме малку на албански, а малку на македонски јазик.“, реагираат од ДУИ. Според партијата, овој став е …

Continue Reading

Мицевска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите, зеленилото и новите училишта во Центар?

Денес се наоѓаме зад Универзална сала, каде што повторно ги поставуваме прашањата што ги засегаат сите жители на Центар. Каде се паркинг-местата? Каде се новите зелени површини? Каде се новите училишта и подобрите услови за живот што им беа ветувани на граѓаните, праша Тамара Мицевска, член на ГК на ВМРО-ДПМНЕ. „Господине Горан Бетон Герасимовски, по пет години на чело на Општина …

Continue Reading

Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници, отвора простор за политички притисок врз собраниската служба

СДСМ нема да го поддржи предложениот Закон за административни службеници, бидејќи, и покрај најавите за независност на собраниската служба, содржи механизми што можат да се користат за притисок врз вработените, истакна пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во своето обраќање во Собранието. Тој посочи дека независноста на собраниската служба не е новина, како што се претставува од страна на власта, потсетувајќи …

Continue Reading
Амбасадорот од Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР

МНР: Изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова се навреда и провокација

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија, кој во отсуство на амбасадорот ја извршува функцијата вршител на работи. „На средбата беше изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна. Воедно, …

Continue Reading