(Видео) Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски тврди дека им се причинува
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за загадувањето на воздухот деновиве, ниту една влада досега не се однесувала со проблемите на граѓаните како што сега се однесува владата на ВМРО ДПМНЕ, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција. „После 10 дена пожар во Вардариште,неколку дена пожар во Дрисла, граѓаните практично се гушат,скандалозна е изјавата на премиерот дека можеби …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Проблемот со Вардариште по изборите ќе го реши Орце Ѓорѓиевски
Да се грижеше Венко Филипче за животот на граѓаните и инфлацијата, која во време на СДС беше двоцифрена и го јадеше стандардот на граѓаните, немаше над пола милион да остават на раб на преживување со по 150 денари на ден, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче кој кажа дека граѓаните се оставени сами на себе …
Continue Reading
ОЈО треба да се издига на клоци по она што го видов во службите, вели Ковачки
„После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се издига на клоци”, реагира на социјалните мрежи, Драган Ковачки пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Како што истакнува во напишанот, оценува дека има класични прекршувања на законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение. „Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. …
Continue Reading
Инвестициски бум во здравствениот сектор, интензивно се работи на реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“, вели Алиу
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска извршија увид во градежните активности на реконструкција и адаптација на оперативниот блок и интензивната нега во ГОБ „8 Септември“, Скопје. — Во здравствениот сектор имаме инвестициски бум во инфраструктура, технологии, човечки ресурси, затоа што ние веруваме дека со зајакнување на овие три столба ќе ги подобриме здравствените услуги за …
Continue Reading
Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години
Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот се уште го учи оти се иселил од државава на шест години. Вака премиерот Христијан Мицкоски денес го оправда Фетаи кој во вторникот на новинарско прашање поставено на македонски јазик одговори на албански и кажа дека „уште не е спремен на македонски“. „Јас имам …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами без мерки за високите цени и со најниски плати
„Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на брифинг со новинарите. Филипче потенцираше дека ова е потврда за она што СДСМ го алармира веќе цела година – дека Владата нема никаква намера да ги заштити граѓаните, ниту да балансира меѓу интересите …
Continue Reading
Мицкоски: Имаме историски инвестиции во културата
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа инвестициите во културата, плановите за реновирање на постоечките или изградба на нови театри, изјави: „Апсолутно, како и во секоја друга област во државата, така и во културата имаме навистина инвестиции, коишто би рекол, се историски. Тука пред сѐ мислам и на инвестицијата на театарот во Струмица којшто конечно …
Continue Reading
Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“
Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“. „Документите до кои дојдовме јасно укажуваат на сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки при организацијата на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, во декември 2023 година. Министерството за надворешни работи склучило договор вреден 56.640.000 денари за изнајмување возила за дводневна конференција. Во договорот, намерно …
Continue Reading
(Видео) Шукова: Дождот нема да го изгаси пожарот на Дрисла, имам решение на проблемот со депонијата
Ниту дождот кој денеска паѓа во Скопје не може да го изгаси пожарот на депонијата Дрисла. Тоа најдобро покажува колку е сериозна состојбата и колку е неконтролирано горењето отпад кое со денови го труе воздухот што го дишат жителите на Скопје, вели кандидатката за градоначалничка на Скопје, од редовите на СДСМ, Каја Шукова. „Во изминативе 4 години власта на ВМРО-ДПНЕ …
Continue Reading