(Видео) Манасиевски: Заев, Шукова и СДС, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт
Заев, Шукова и СДС, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт. Во програмата насловена како „Можеме’’ за парламентарните избори во 2020 година, СДС, Заев и Шукова ветија итна ремидијација на Вардариште, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Прашува, дали СДС, Заев и Шукова знаат дека имаат ветено …
Continue Reading
Со лаги власта ја сведува катастрофата од Дрисла и Вардариште на „визуелна“ грешка, велат од ДОМ
Зелената партија ДОМ најостро ја осудува, според нив, неодговорната и срамна изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека загадениот воздух „само изгледа алармантно“. ДОМ предупредува: кога градот е прекриен од чад и два дена смрди на изгорена гума, таквите лаги не се само некомпетентни, туку претставуваат крајно нехумано однесување кон сопствените граѓани. ДОМ бара итен крај на ова, како што го …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова 7 години беше одговорна за животната средина и не направи ништо
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, повторно излегува со празни ветувања. „СДС, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа здрава животна средина и чист воздух. Заев урлаше од Аеродром и ветуваше чист воздух, а имаа можност и не направија ништо“, велат од партијата. Тие додаваат дека Шукова, како поранешна министерка и долгогодишен …
Continue Reading
Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари
Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, синоќа ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари. „Стојам тука пред вас исполнет со гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот водена од ромската заедница, место каде секој камен шепоти приказни за нашата историја, култура и непокорен дух. Денес заеднички носиме одлука за нашата иднина, …
Continue Reading
Локални избори: На полноќ завршува јавниот увид во избирачкиот список
На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење податоци. Барањата се поднесуваат писмено до ДИК, по електронска пошта или преку месните канцеларии, а решенијата се носат во рок од 24 часа. Заклучно со 9 септември, увид извршиле вкупно 5729 граѓани, од кои 3397 …
Continue Reading
Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот
Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот како највисоко експертско тело. Со Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот ќе раководи вицепремиерот за политики за добро владеење, …
Continue Reading
Меџити: Инвестиција од над 6 милиони денари во населбата Гази Баба за одржливо водоснабдување
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите кои се одвиваат на улицата „Бајрам Шабани“ во населбата Гази Баба во Општина Чаир. Проектот, поддржан од Министерството за животна средина, има за цел подобрување на снабдувањето со вода за пиење за жителите од оваа област. Оваа инвестиција, во …
Continue Reading
Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби
Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна на АНБ и АР, истакна дека станува збор за случај кој одблизу се следи, а воедно и дека организираното следење било спроведувано за лични и политички цели, истакнувајќи дека доказните материјали за целиот случај се предадени на обвинителството. „Се согласувам …
Continue Reading
Муцунски во Стразбур: Денес Северна Македонија е препознатлив и ценет актер на меѓународната сцена
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Стразбур присуствуваше и се обрати на свечен настан по повод одбележувањето на Денот на независноста: 34 години од македонската независност и 30 години членство на Република Северна Македонија во Советот на Европа. Во своето обраќање, Муцунски потсети на значењето на 8 септември 1991 година, кога македонските граѓани „во еден …
Continue Reading