До каде е Министерството за правда со документите за Груевски, прашува СДСМ


36859569_10214401981696142_6330587593062744064_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за правда уште пред неколку дена соопшти дека ќе ги побара сите списи од надлежните судски органи и обвинителства за сите предмети поврзани со Никола Груевски и дека „ќе постапи согласно позитивните законски прописи“. До каде е постапката?, прашуваат од СДСМ.


Од опозицијата прашуваат дали владата ги спремила документите и дали е поднесено барање за ектрадиција на Груевски?

„Додека институциите во Македонија „прибираат документи“, други држави веќе делуваат. По најавите на Петер Маѓар дека нема повеќе заштита за криминалци во Унгарија, Полска не чекаше туку веднаш реагираше и веќе испрати официјално барање за екстрадиција на свои политичари. Само Владата предводена од новиот Ванчо Михјалов во ВМРО, Христијан Мицкоски, сè уште нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски. Ова значи дека му се купува време на Груевски и намерно се одолговлекува. Груевски нема да добие азил во Турција, но веќе преговара за други опции, како Русија и Белорусија. Во исто време Сиљановска е во Турција за спас на Мицкоски и Груевски. Овие информации отвораат сериозен ризик – Груевски повторно да избега од дофатот на правдата. Наместо итна акција, сведоци сме на опасно одолговлекување“, велат од СДСМ.

Очигледно, додаваат од партијата, Мицкоски свесно ја кочи постапката, со цел да избегне политичка одговорност и непријатност, оставајќи простор за ново бегство.

„Министерството за правда, Владата, институции да престанат да калкулираат и да постапат веднаш, да побараат екстрадиција на Никола Груевски за да се соочи со правдата. Време е за вистината, време е за правда и одговорност“, бара СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK